Прочитајте ги жените според прстите: Дали се склони на изневерување?
Знаевте ли дека жените со подолги показалци на левата рака почесто имаат афери?
Ова се откритија од истражување што ги изненадиле дури и научниците. Се покажало дека подолгиот показалец и пократкиот домал прст се поврзани со поголема изложеност на женски хормони во матката.
Ова значи дека жените со подолги показалци би требало да имаат „поженствени“ карактеристики.
Од друга страна, изложеноста на повеќе машки хормони во матката има „помажествен ефект“. Во овој случај, жените имаат подолг домал прст, а пократок показалец.
Истражувањето открило неколку карактеристики кои се поврзани со должината на прстите на жените. Влијанието на должинат на прстите било забележано и врз карактерот на мажите, но со помала изразеност.
Како да ги измерите вашите прсти?
За да го измерите вашиот прст, најпрво исправете го. На основата на показалецот и домалиот прст има мали бразди. Најчесто показалецот има една бразда, додека домалиот прст има неколку.
Треба да го мерите прстот од браздата што е најблиску до основата, до неговиот врв.
Што покажува должината на показалецот и домалиот прст?
Афери: Жените со долги показалци поверојатно е да имаат афера
Како што напоменавме, жените со подолг показалец биле изложени на повеќе женски хормони во матката.
Иако ова е поврзано со поженствени карактеристики, се покажало дека овие жени се посклони кон изневерување.
Глас: Бебињата имаат повисок глас ако показалецот е подолг од домалиот прст
Најверојатно постои поврзаност и помеѓу гласот и должината на прстите.
Истражување покажало дека бебињата имаат повисок глас ако показалецот на десната рака е подолг од домалиот прст.
И во овој случај, причината е недостатокот од тестостерон во матката.
Кариера: Жените со долг показалец поверојатно е да имаат традиционална „женска“ работа
Изгледа и женскиот избор на кариера е поврзан со должината на прстите.
Жените со подолг показалец настојувале да градат кариера со традиционални „женски“ професии, како медицинска сестра, наставничка и слично.
Жените со подолг домал прст почесто одбирале „машки“ работни места, како адвокати, менаџери во индустрија и слично.
Споделување: Децата со долг домал прст повеќе сакаат да делат со другите
Истражувањето покажало дека децата со подолг домал прст поверојатно е да ги делат нивните играчки со другите.
Децата со долг показалец, пак, се покажале како поагресивни и посебични.
Спирова С. | Црнобело