Како изгледаат најупотребуваните зачини пред да се најдат во продавница?
Сенф
Ако некогаш сте се запрашале зошто сенфот е жолт, причината се жолтите цветови.
Овие цветови растат на ливади и почнуваат да цветаат кон крајот на септември. Се собираат нивните семки, кои потоа се сушат.
Ким
Кимот е растение што е многу слично на магдоносот. Неговите семки се собираат пред да созреат, а потоа се оставаат да дозреат на темно и суво место.
Од кимот не се користат само семките, туку и младите ливчиња. Тие содржат минерали, витамини А и Ц и истите масла како и семките.
Ѕвездест анасон
Овие зимзелени грмушки се познати по нивните „ѕвезди“ кои кријат семки со пријатна арома. Всушност, сите делови од грмушката, вклучувајќи ги и корените, ја имаат истата пријатна миризба.
Самото овошје е направено од мали мешунки, кои формираат плод во форма на ѕвезда. Откако овошјето ќе созрее, мешунките се отвораат и семките стануваат видливи.
Куркума
Куркумата не само што е одличен зачин, туку има и многу убави цветови. Но, зачинот се прави од коренот на растението.
Коренот се чисти и се става во врела вода. Ова ги активира неговите клетки, кои почнуваат да лачат портокалова супстанца. Потоа коренот се суши и се меле.
Ванила
Знаевте ли дека ванилата му припаѓа на родот на орхидеите? Ова растение расте како лијани. Најчесто растението се суши и меле, а во минатото се користело и свежо.
Каранфилче
Каранфилчето се добива од сушените цветови на тропско дрво. За зачинот се користат само неотворените мешунки. Дрвата цветаат два пати годишно, но од нив се добива големо количество зачин, па цената на каранфилчето е ниска.
Рузмарин
Рузмаринот расте на дрвенести грмушки и има иглести ливчиња. Зачинот се прави од младите ливчиња од грмушката, кои после берењето се сушат и се мелат.
Спирова С. | Црнобело