Како изгледаат најупотребуваните зачини пред да се најдат во продавница?
Иако најверојатно не употребувате повеќе од 10-тина зачини, во светот постојат над 100 различни видови.
А, повеќето од нив не се само тревки.
Бидејќи речиси секогаш ги купуваме зачините мелени, сигурно ве интересира како изгледаат пред да завршат во продавница.
Можете да го дознаете тоа во продолжение:
Сусам
Сусамот е мешункаст плод. Неговото растение има виолетови или бели цветови и може да порасне до 2,7 метри.
Мешунките се обично многу мали – 3 до 5 центиметри, а во нив може да има и до сто семки.
Шафран
На грчки, името на овој зачин значи „влакно“ или „нишка“. Најважниот дел од цветот на шафранот се неговите прашници.
Бидејќи цветовите живеат кратко, прашниците мора да се собираат многу брзо. Токму поради ова, шафранот е познат како скап зачин.
Васаби
Дали знаевте дека васабито е всушност корен?
Самото растение има листови во форма на срце и мали бели цветови, но зачинот се прави од коренот.
Кардамом
Кардамомот е еден од најскапите зачини, па неретко е нарекувани „Крал на зачините“.
Незрелите овошки од растението имаат многу силна арома. Тие се собираат, се сушат на сонце, повторно се навлажнуваат и повторно се сушат. Резултатот е зачинот што го гледате во продавница.
Морско оревче
Дрвото на морското оревче е многу високо и може да достигне и 12 метри.
Најважниот дел од дрвото се плодовите кои изгледаат како праски. Штом ќе созреат, плодовите се кршат на половина и „коските“ стануваат видливи.
Коската, или семката од плодот се собира, се суши и се меле.
Бибер
Биберот расте на лијани и може да достигне должина до 15 метри.
Цветовите на биберот се мали и бели, а плодовите зелени.