Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најчести фобии со кои се соочуваме - кој е вашиот страв?

Постојат безброј фобии кои се откриени кај луѓето, но овие се најчестите пет.

5-najcesti-fobii-so-koi-se-soocuvame+01.jpg

Фобиите се вознемирувачки емоции предизвикани од некој тип на страв, замислен или реален. ,

Некои луѓе ја доживаат нивната фобија толку страсно што таа понекогаш може да биде опасна и по нивниот живот, за разлика од други кои имаат „благ“ вид на некоја фобија и не ѝ придаваат толку многу големо значење.

Во продолжение прочитајте кои се 5-те најчести фобии кај луѓето:

Клаустрофобија

Едно истражување покажало дека скоро 7% од светската популација страда од оваа фобија. Клаустрофобија е фобија од затворени мали и тесни простори. Оваа фобија е главно поврзана со стравот од задушување.

Акрофобија

Акрофобија е страв од височина. Во некои случаи таа може да биде опасна по живот, затоа што луѓето што ја поседуваат оваа фобија многу често добиваат напади на паника и при најмала висина која не можат да ја поднесат.

Хидрофобија

Хидрофобија е страв од голема и длабока вода. Оваа фобија најчесто се јавува како резултат на некоја непријатна случка од минатото, како на пример што е давењето или пак едноставно сте имале лошо искуство кога сте се учеле да пливате и слично.

Астрафобија

Невремето и грмотевиците се обична појава во светот, посебно во есенските денови. Астрафобија е страв од грмотевици и молњи и таа се појавува кај 1 од 10 деца. Многу луѓе ја надминуваат оваа фобија во зрелоста, но не и сите.

Арахнофобија

Арахнофобија е прекумерен страв од пајаци. Таа е една од најчестите животински фобии и едно истражување покажало дека во САД скоро 30,5% од населението страда од оваа фобија.

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
8 мали навики со кои ќе се одржувате млади независно од годините Негувајте ја љубопитноста – учете нов јазик, нови вештини, не се препуштајте на ...
10 необични факти како луѓето ја одржувале хигиената во претходните векови Постојат докази дека уште Неандерталците користеле чепкалки за заби, но и дека в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg