Топ 10 најчести машки имиња во Македонија и нивното значење
Стефан се појавува 9308 пати
Името има грчко потекло и е варијанта на грчкото име Stefаnos, што значи „венец, круна“. Во преносно значење, името претставува „оној кој е крунисан“.
Горан се појавува 12118 пати
Старословенско име кое има потекло од зборот „gora“ (шума, планина), во преносно значење „роден, настанат во шума, планина“, а се смета и за синоним на „големина, сила“.
Никола се појавува 15701 пати
Името Никола е со грчко потекло, изведено од зборовите „nike“ – „победа“ и „laos“- „народ“, па значењето на името е народот победува.
Зоран се појавува 15837 пати
Ова е старословенско, народно име, а потекнува од зборот „zora“ – почеток на денот, а во старословенската митологија Зора е божица на утрото и разденувањето.
Александар се појавува 22550 пати
Потекнува од грчкото име Aléxandros, со значење „заштитник на луѓето“, но исто така е симбол за храброст и смелост, а ова име го носел и големиот војсководец Александар Македонски.
Ако сакате да проверите колку пати се појавува вашето име, кликнете ТУКА.
М. М. | Црнобело