Зошто авионите се бели, а гумите на автомобилот црни? Работи чија боја е одбрана со причина
Училишни автобуси
Во многу држави, училишните автобуси имаат жолта боја, а ова е од безбедносни причини.
Жолтата боја е полесна за забележување од стана на учениците, особено наутро.
Оваа боја им помага и на другите возачи полесно да го забележат училишниот автобус.
Такси возила
Во многу држави сите такси возила имаат жолта боја, поради истата причина како и училишните автобуси.
Фудбалска топка
Кога фудбалските топки почнале да се изработуваат од пластика, биле целосно бели. Но, компанијата Adidas одлучила да им додаде и црна боја.
Црно-белите топки биле полесни за забележување на телевизија, бидејќи тој период немало телевизори во боја.
Тоалетна хартија
Тоалетната хартија е избелена, па оттаму и нејзината боја. Без избелување, хартијата би имала кафеава боја.
Ретко ќе најдете тоалетна со друга боја, бидејќи боењето е дополнителен трошок за фабриките, па продуктот ќе биде поскап.
Но, ова не е единствената причина. Обоената тоалетна нема да се распадне исто брзо колку и белата. Покрај тоа, кога прв пат биле претставени боените тоалетни хартии, многу лекари биле загрижени за нивното влијание врз здравјето.
Социјални мрежи
Иако сите социјални мрежи имаат различна боја на логото, многу од нив ја користат сината боја.
Причината е што оваа боја е поврзана со интелектот и умот, кои пак се поврзани со комуникацијата.
Сината боја претставува и безбедност, a овие компании сакаат луѓето да се чувствуваат безбедно додека комуницираат до другите.
Спирова С. | Црнобело