Зошто авионите се бели, а гумите на автомобилот црни? Работи чија боја е одбрана со причина

Знаевте ли дека човечкото око може да разликува над 7 милиони бои?

sekojdnevni-predmeti-chija-boja-e-odbrana-so-prichina-01.jpg

Ова ни овозможува да ги користиме боите во наша предност и да си ги олесниме животите. Па, дали некогаш сте се запрашале зошто некои предмети ја имаат токму таа боја?

Изгледа дека бојата на многу секојдневни предмети не е случајно одбрана и зад неа има добра причина.

Пожарни хидранти

Пожарните хидранти можат да имаат неколку бои, а секоја означува колку вода испуштаат во минута.

Различните хидранти се користат за пожари со различен интензитет, а најпопуларните бои се црвена, портокалова, зелена и сина.

sekojdnevni-predmeti-chija-boja-e-odbrana-so-prichina-02.jpg

Комерцијални авиони

Многу комерцијални авиони имаат бела боја, за да ја рефлектираат сончевата светлина.

Ова ја намалува штетата предизвикана од сонцето, а го спречува и прегревањето на авионот.

Истовремено, на авионите со бела боја им треба помалку време да се изладат кога се паркирани.

sekojdnevni-predmeti-chija-boja-e-odbrana-so-prichina-03.jpg

Автомобилски гуми

Гумата што се користи за изработка на автомобилските гуми е всушност бела. Во текот на изработката се додава црн јаглерод, што им го продолжува животот на гумите. Оваа состојка им ја дава црната боја.

Црниот јаглерод ја зголемува издржливоста на гумите, така што ги штити од прегревање и од УВ зраци.

sekojdnevni-predmeti-chija-boja-e-odbrana-so-prichina-04.jpg

Семафори

Сите ги знаеме 3-те бои на семафорот и нивното значење, а има причина зошто се избрани токму црвената, жолтата и зелената.

Црвената боја има најдолга бранова должина, што значи дека може да се види од поголемо растојание. Жолтата има помала бранова должина од црвената, но поголема од зелената.

Овие бранови должини го прават појасно менувањето на светлата на семафорот.

sekojdnevni-predmeti-chija-boja-e-odbrana-so-prichina-05.jpg

Пешачки премини

Црната и белата боја на пешачкиот премин се со цел да го направат видлив од поголемо растојание.

Ова им дава доволно време на возачите да го забават автомобилот.

Истовремено, овие контрастни бои ги истакнуваат пешаците што ја преминуваат улицата.

sekojdnevni-predmeti-chija-boja-e-odbrana-so-prichina-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
6 чудни стандарди за убавина кои постоеле во минатото (некои од нив ни се денес смешни) Жените во Кина со екстремно долгите нокти (околу 25cm) покажувале дека се богати...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
9 работи во домот кои будат носталгија, но сепак е време да ги фрлите Стари тегли во кои вашите баби чувале зимница, весници од пред неколку години, п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg