Најскапото кафе на светот
Многумина не можат ни да си го замислат денот без шоља кафе. Кој од навика, кој од ритуал, кафето е веќе долги години најпопуларен пијалак на светот.
Но, дали сте се запрашале каде се произведува најскапото кафе на светот? Колку чини? Што го прави толку скапо?
Најскапото кафе на светот не се произведува во Бразил ниту на Јамајка, туку во Индонезија. Наречено е Kopi Luwak, а, е единствено заради процесот на добивање на зрното.
Имено, локалното животно Азиска Палма Мачка (Asian Palm Civet) која е слична на ласицата, јаде сирови црвени зрнца кафе, и тоа го јаде само надворешниот слој, а зрното го исфрлува од телото преку изметот.
Откако ќе се прочисти изметот на животното се одбираат оние зрнца кафе кои се обработуваат понатаму.
Името на кафето доаѓа од: „Kopi“ – индонезиски збор за кафе и „Luwak“ локално име за споменатото животно. Наводно желудочните сокови ја извлекуваат горчината од кафето и тоа добива специфична арома.
Лажичка од ова кафе ќе ве чини 40 евра, а половина килограм чисто кафе во зрна чини околу 475 евра.