Вдовица секоја година на денот на свадбата се слика во венчаницата - во чест на загинатиот сопруг
Ванеса Ланктри е 29-годишна жена од Канада, која го изгубила својот 25-годишен сопруг во сообраќајна несреќа.
Младата вдовица открива дека таа и Ерик биле заедно уште од средно, а биле во брак само две години пред неговата смрт.
Ерик и Ванеса се венчале во 2012-та година, а Ерик загинал во 2014-та, само 2 месеци после нивната годишнина.
Ванеса е и фотограф, па сега секоја година, на годишнината од венчавката, се фотографира со нејзината венчаница.
„Ова ми е омилениот начин да го прославам и да го запомнам тој посебен ден, но и да го одржам во живот сеќавањето за Ерик. Повеќето луѓе можат да отидат на ручек за нивната годишнина, но ова е моето нешто.“
Ванеса вели и дека најверојатно, ќе го прави ова цел живот.
Нивната врска била одлична, а се запознале кога Ванеса била 16, а Ерик 17 години.
„Тој ми беше првото момче, првата љубов. Нашата врска низ годините беше толку силна, бидејќи ја започнавме многу млади. Немав никаков сомнеж за нашиот заеднички живот.“
Парот се венчал во црква, а кога Ванеса забележала дека Ерик плачи, знаела дека е најсреќната девојка на светот.
Но, додека Ерик бил на одмор со пријателите и татко му во Лас Вегас, загинал во сообраќајна несреќа. Tие решиле да изнајмат мотори и да отидат до Калифорнија, а несреќата се случила кога се враќале назад.
Ерик се судрил со камион и веднаш бил пренесен во болница. Кога Ванеса дознала, сè уште се надевала за животот на нејзиниот сопруг.
„Мислев дека ќе биде во ред. Си мислев дека е силен, дека е борец. Не сфаќав колку сериозни бие повредите.“
Ванеса веднаш се спакувала за да оди во Вегас, за кога Ерик ќе се пробуди да ја виде неа. Но, тогаш добила повик од татко му, кој ѝ кажал дека е вдовица.
„Кога свекорот ми се јави и ми кажа дека почина мојот сопруг, го фрлив телефонот и излегов од куќата.“
Во септември 2016-та година, денот после четвртата годишнина на парот, Ванеса ја облекла венчаницата.
Ја пуштила „Making Memories of Us“ од Кит Урбан, песната на која танцувале на венчавката, и почнала да танцува во кујната.
„Тагата не си заминува, но некако наоѓате мали нешта кои ви помагаат да се справите, како облекување на венчаницата.“
Следната година, таа пак го облекла фустанот и направила фотографија пред куќата што ја направиле со Ерик.
Во 2018-та направила едноставна фотографија со венчаницата, а оваа година го замолила нејзиното сегашно момче да ја фотографира во поле со сончогледи.
„Беше толку среќна личност. Ме научи како да го барам најдоброто во животот.“
Ванеса додава и дека никогаш нема да ја фрли венчаницата.
„Никогаш нема да ја исчистам и никогаш нема да ја ставам во кутија. Сè додека ми е точна, ќе ја носам.“
Спирова С. | Црнобело