Животни лекции од миленичето
Сите кои чуваат домашни миленичиња се навистина приврзани со нив. Веќе ги чувствуваме како дел од нашето семејство. Чувството кога ќе се...
...вратите од работа, а кутрето ќе ви се израдува неизмерно е бесценето. Кога мачето ви ги топли стапалата, папагалот се труди да ви каже нешто...нема ништо поубаво од животно во домот.
Ова се неколку животни лекции кои може да ги научите од своето милениче.
1. Тие сакаат безусловно. Ова е нешто кое навистина треба да го применуваме. Животните сакаат и не очекуваат ништо за возврат. Да сакаш некого заради тоа каков е, а не што може да ти даде.
2. Тие се лојални. Без разлика што и да се случи тие ќе се држат до тебе. Лојалноста е навистина доблест која може да ја научиме од нашите миленици.
3. Секогаш ќе побараат помош. Тие праќаат сигнали кога се гладни или кога им се оди надвор. И ние треба да знаеме кога треба да побараме помош. Сите имаме слабости, а да се побара помош е човечки.
4. Не се злопамтила. Кога ги воспитуваме знаеме и да им свикаме и да ги удриме. Но, тие нема да ни го памтат тоа. Да се биде отворен за прошка е најважно.
5. Знаат како да покажат дека ве ценат. Кутрето ќе замавне со опашката, мачето ќе си легне со вас. Тие никогаш не се плашат да покажат дека се благодарни.
6. Го ценат времето кога се сами. Сакаат да си играат, но сакаат и да се отспијат на раат. Не им пречи кога дел од денот го поминуваат сами.
7. Грижливи се. Чудно е – но навистина, миленичето знае кога нешто не е во ред со вас. Знае кога сте нерасположени. Дали го имаат она шесто чуло? Никогаш нема да ве повреди ако се грижите за останатите.
8. Тие се креативни. Сите сме родени креативни. Можеби не во иста мера, но имаме позитивни карактеристики кои може да бидат наша инспирација.
9. Тие се оние кои се. Треба и ние да научиме да се чувствуваме добро во сопствената кожа. Единствен начин да пронајдеме вистинско исполнување и среќа е да пронајдеме кои сме и да се сакаме себе си.
10. Тие можат да живеат едноставно. Дај им што им е потребно и тие се среќни. Дај им повеќе и тоа е веќе бонус. Сите можеме да научиме да бидеме среќни живеејќи едноставен живот. Некои луѓе го поминуваат животот несреќни само затоа што не ја знаат разликата помеѓу она што им е потребно и она што го сакаат.