Ем маса, ем тревник?
Сакате на едноставен, елегантен и посебен начин да внесете малку природа во својот дом? Како решение секогаш прво се наметнува саксиското цвеќе...
...но обидете се да го зазелените просторот на малку поинаков начин.
Можете да имате маса која ќе ја обедини природата со вашиот ентериер.
Ова едноставно парче мебел доаѓа од колекцијата на Emily Wettstein и може да се каже дека повеќе личи на уметничко парче за изложување отколку на функционална маса. Сепак во потполност е употреблива!
Направена е од ореово дрво и во средината има вградена тегла во која можете да посадите нешто по ваш избор. Теглата (стаклениот сад) можете и да го извадите и да го поставите на друго место во домот.
Интересно и поинакво креативно решение за домот. Вреди да се проба.