Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Онлајн курсеви, комуникација - Колку интернетот ни го промени животот?

Начинот на комуникација, но и можноста да станеме експерт за некоја област благодарение на онлајн курсеви и едукативни видеа, се едни од најголемите промени што ги почувствуваме од интернетот. Што друго промени можеби најгенијалниот изум на сите времиња?

zivot-pred-i-po-internetot-kako-se-promenija-rabotite-01.jpg

Интернетот денес стана секојдневие, додека порано бил привилегија и го користеле мал број луѓе и институции. Но, како и сé друго, и употребата на интернетот драстично се промени со текот на времето.

Се сеќавате како изгледаше животот пред интернетот? Како се променија работите?

Образование

Спомените исчезнуваат со времето, а исто е и со физичките книги и енциклопедии.

Порано физичките книги беа единствениот извор за добивање информации. Со интернетот е многу полесно да се добијат повеќе информации и знаења, што ја намали посетата на библиотеките.

Гугл стана најдобриот учител, бидејќи има одговор за сите прашања.

Покрај тоа, овде се и бројните онлајн курсеви кои овозможуваат да станете експерт во некоја област без воопшто да го напуштите домот.

Истражување

Денес концептот за библиотека е на некој начин изгубен, бидејќи сите го користиме гореспоменатиот Гугл за да добиеме информации за сè.

Но, порано поминувавме многу време библиотеките за потребите на некое истражување, без разлика дали поради љубопитност или некоја училишна задача.

Zivot pred i po internetot kako se promenija rabotite 02

Комуникација

Дали ви се допаѓа или не, заради интернетот, личната комуникација како да заврши.

Нашите умови почнаа да работат поинаку - претпочитаме да испраќаме мејлови и пораки преку интернет, наместо да се сретнуваме лично за секоја ситница.

За да дознаеме нешто за одредена личност, доволно е да го провериме нејзиниот профил на социјалните мрежи, наместо да контактираме со неа лично.

Патување

Не толку одамна, концептот за патувањето беше да откриете нешто. Денес, можете да дознаете сè за местото пред да стигнете таму.

Не треба да чекате некој од случајните минувачи да ве упати или да ве води до вашата дестинација.

Постојат бројни апликации и веб-сајтови кои ќе го сторат сето ова за вас и ќе ве одведат во вистинската насока.

Zivot pred i po internetot kako se promenija rabotite 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
Низ фотки - Како изгледал светот во 1925-та и што се случувало пред 100 години? Во 1925 година животот на луѓето изгледал многу поразлично од ова што ние го зна...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg