Љубовта победува сѐ - приказни кои ќе ви ги згреат срцата
Љубовта е сила којашто е помоќна од секоја магија. Невидлива, толку едноставна, но секогаш присутна. Всушност, не постои човек на оваа планета којшто не ја почувствувал.
Сте се запрашале ли колку често ја искажувате вашата љубов?
Дали преку една топла прегратка или пак оние два магични збора кои ја стоплуваат душата, целото тело.
Велат, делата зборуваат погласно од зборовите. Па, кога последен пат сте направиле нешто убаво за личност која ја сакате?
Подгответе се за неколку-минутна прошетка низ приказни кои се доказ дека љубовта ги поместува сите граници.
Веруваме дека овие приказни ќе бидат одличен поттик за вас. Уживајте:
Љубовта победува сѐ
„Татко ми е најдобриот татко што можев да го побарам. Исто така сметам дека тој е најдобриот сопруг за мајка ми. Секоја вечер ја слушам од кујната, како слатко се смее на неговите шеги.
Тoj е присутен на секој мој натпревар од моите 5 години (сега имам 17) и непрекинато го обезбедува нашето семејство.
Работи како градежник. Ова утро кога пребарував низ неговата кутијата со алатки, најдов валкана преклопена хартија на самото дно.
Тоа беше дневник. Во него го препознав ракописот на татко ми. Текстот датира точно еден месец пред денот кога сум се родила. Во него пишува:
„Јас имам осумнаесет години, Не сум ништо повеќе од еден обичен алкохоличар што не успева да заврши факултет, машина на минатото и жртва на злоупотреба на деца, со кривично дело за кражба на автомобили. Но, се колнам сега и во овој час дека ќе ги исправам работите како што треба, само за моето мало девојче. Ќе ѝ бидам таткото што јас никогаш го немав“.
И не знам како, но тој успеа во тоа“.
Несебична љубов
Денес оперирав мало девојче. Ѝ требаше крв - АБ. За жал ја немавме нејзината крвна група, но нејзиниот брат близнак ја имаше.
Му објаснив дека станува збор за живот и смрт. Тој седејќи, за момент се подзамисли, а потоа се збогува со родителите.
Не проговори ни збор, сè додека не ја зедовме неговата крв и праша: „Па, кога ќе умрам?“. Мислеше дека го дава својот живот за неа.
По нејзиното закрепнување, двајцата излегоа од болницата прегрнати“.
Сѐ за семејството
„Денес мојот 18-годишен внук матурираше. Додека пиевме кафе ме распрашуваше за моите средношколски денови и мојата матура.
Му раскажав дека никој не сакаше да ми биде партнер на матурската вечер во средно училиште, па затоа не присуствував.
Вечерта, тој се појави пред мојата куќа, облечен во смокинг и ме зеде со него.
Тоа беше најубавата вечер во мојот живот“.
За љубовта се жртвува
„Денес поранив на работа, сакав мирно да го испијам моето утринско кафе.
Во 7 часот наутро, пред вратата од мојата цвеќарница стоеше униформиран војник. Ми кажа дека за половина час треба да е на аеродром и дека заминува за Авганистан на една година.
Тој рече: „Обично носам букет цвеќиња за жена ми секој петок и не сакам да ја изневерам кога ќе сум далеку“.
Потоа, ме праша дали можам секое петочко попладне да испраќам цвеќе во канцеларијата на неговата сопруга, точно една година додека не се врати.
Ми понуди пари. Му дадов попуст од 50%. Откако си замина заплакав“.
Кажувајте „те сакам“ почесто
„Денес, во брзање случајно му испратив порака на татко ми во која пишуваше: „Те сакам“. Беше наменета за мојот сопруг.
Неколку минути подоцна добив одговор: „Те сакам и јас тебе. - Тато“. Беше толку трогателно.
Оттогаш, многу често му ја испраќам истата порака“.
Парите не ја купуваат љубовта
„Денес е нашата 10-годишнина, но бидејќи од неодамна мојот сопруг и јас сме невработени, се договоривме да не си купуваме подароци.
Кога се разбудив утрово, мојот сопруг не беше во креветот.
Отидов долу и глетката беше прекрасна. Магија од шаренило на диви цвеќиња, брилијантно распоредени низ целата куќа.
Имаше преку 500, а тој не потроши ни денар, но ми ја исполни душата“.
Љубовта е знак на љубезност
„Вчера, ќерка ми се врати дома од училиште и ме праша каде може да научи знаковен јазик.
Кога ја прашав зошто го сака тоа, таа ми одговори дека во нејзиниот клас има ново девојче кое е глуво и нема со кого да разговара.
Јас сум најгордата мајка на светот“.
Љубовта ја враќа смислата за живот
„Утрово, пиејќи чај го препрочитував моето проштално писмо, писмо за моето планирано самоубиство.
Го напишав попладнето на 2 септември 1996 година, околу две минути пред мојата девојка да се појави на мојата врата и да ми рече: „Јас сум бремена“. Одеднаш, почувствував дека имам причина да живеам.
Денес таа е моја сопруга. Среќно сме во брак 14 години. Заедно со ќерка ми, која сега има скоро 15 години и нејзините две помали братчиња.
Одвреме-навреме го препрочиувам моето писмо за самоубиство, како потсетник за да бидам благодарен - благодарен на животот кој ми даде втора шанса и на мојата сопруга, без која не можам да живеам“.
Љубовта нѐ изненадува
„Денес, мојот 12-годишен син Шон и јас отидовме во старечкиот дом. Заедно, за прв пат по неколку месеци.
Обично доаѓам сам, ја гледам мајка ми која страда од Алцхајмерова болест.
Кога влеговме во ходникот, медицинската сестрата му рече: „Здраво, Шон!“, Тотално се збунив. „Од каде го знае твоето име?“, Прашав. „Ох, навратувам секој ден по училиште за да ја поздравам баба“, рече Шон.
Недоволно го познавам мојот син, си помислив“.
Убавината со допир се чувствува
„Денес, мојот слеп пријател преку живописни детали ми опиша колку е убава неговата нова девојка“.
Мила М. | Црнобело