Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кои се фобиите на 21 век?

Развојот на технологијата радикално го промени животот на луѓето, а со тоа и нивниот ментален склоп. Со текот на времето, ги прошируваме границите на своето знаење, развиваме нови начини на мислење и однесување, но и не демнат нови стравови.

Koi-se-fobiite-na-21-vek-01.jpg

Доколку опстојуваат подолго време, стравовите можат да преминат во својата покомплицирана форма - фобија од лица, предмети и појави која доаѓа како наплив на интензивни чувдтва на страв, колку и да сме свесни дека таа наша реакција е ирационална.

Фобиите генерало се делат во 5 категории:

  • страв од животни (најчесто од пајаци и змии)
  • страв од природни појави (височина, грмотевици)
  • страв од повреди (крв, инекции)
  • страв од ситуации (возење во лифт, летање со авион)
  • други стравови (давење, гушење, разни звуци)

Еве неколку фобии настанати од модерниот начин на живот кои сигурно не им биле познати на луѓето од претходните векови:

Номофобија - страв да се биде без мобилниот телефон - без разлика дали ви е испразнета батеријата, немате мрежа или сте го заборавиле дома.

Катагелофобија - страв да се биде исмеан, што е честа појава на социјалните мрежи.

Панофобија - страв од се, кој говори за несигурноста на нашето време.

Метатесиофобија - страв од промени.

Агменофобија - страв дека редот во кој чекате е подолг и побавен од останатите.

Макрофобија - страв од долго чекање - можеби брзиот начин на живот ни го скрати трпението?

Карцинофобија - интензивен страв од добивање рак, болеста на модерното време.

Нуклеомитуфобија - страв од нуклеарна војна и употреба на нуклеарно оружје.

Едитиовултафобија - во буквален превод од латински, страв од фејсбук, односно потполна изложеност на сопствениот живот пред лица кои ги познаваме и не ги познаваме.

Политикофобија - страв од политика и политичари, која е тесно поврзана со стравот да се биде излажан.

Ануптафобија - страв да останете сами до крајот наживотот или од склопување брак со погрешна личност.

Ритипофобија - фобија на граница со невроза која означува страв од појава на брчки.

Визиобиблиофобија - страв од социјални мрежи - дали сме преплавени со информации?

Koi-se-fobiite-na-21-vek-02.jpg

A.T. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 необични факти како луѓето ја одржувале хигиената во претходните векови Постојат докази дека уште Неандерталците користеле чепкалки за заби, но и дека в...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg