Неуспешната „романтична“ фотосесија на еден пар стана хит на Twitter
Алиса Снодсмит и Колин Хјуит се запознале додека биле на факултет.
24-годишната Алиса не била веднаш воодушевена од 23-годишниот Колин, но со текот на времето, љубовта се родила.
Колин на шега изјавил дека ја „бркал“ некое време.
Парот бил заедно три и пол години, кога Колин решил дека е време да ја побара за жена.
Алиса прифатила и парот ја закажал венчавката за јуни 2020-та година. А, како и секој пар што планира венчавка, и Алиса и Колин сакале да направат фотосесија за нивната веридба.
Па, една недела тие го викнале нивниот пријател фотограф и отишле во шума во Илиноис за да ја направат фотосесијата.
Фотографот им рекол да најдат неколку идеи за фотосесијата, па Колин почнал да пребарува на интернет. Тогаш налетал на неколку забавни фотографии од парови кои прославувале со шампањ, па решил да го направат тоа.
Токму оваа фотографија го инспирирала Колин.
„Мислевме дека е забавно и само сакавме да се забавуваме.“
Откако направиле неколку пробни фотографии, Колин и Алиса послале ќебе на земјата и го отвориле шампањот. Колин се обидел да истури од шампањот во устата на Алиса, но нештата не оделе по план.
„Го најдовме вистинскиот агол за фотографирање, но не можев да го најдам вистинскиот агол за шишето. Целиот ден се воздржував, но на крајот попуштив.“
Резултатот, како што ќе видите и самите, воопшто не е романтичен.
Според Колин, речиси четвртина од шишето шампањ завршило врз неговата идна сопруга.
„Многу се смеевме. Фотографот дури падна на земјата од смеење, но успеа да нè фотографира сите“, изјави Колин.
За среќа, Алиса носела и резерва облека, па можеле да продолжат со фотосесијата.
Фотографот уште тогаш знаел дека направил одлични фотографии, но не им дозволувал да ги видат додека не ги уреди.
Кога Алиса и Колин го виделе крајниот резултат, не им се верувало.
„Мислам дека се смеев 30 минути“, изјави Колин.
Бидејќи пријателите го замолиле, Колин ги објавил фотографиите на Twitter, кои веднаш станале хит.
https://twitter.com/collinhewett17/status/1185934821513711617?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.buzzfeednews.com%2Farticle%2Fdavidmack%2Fchampagne-engagement-photo-fail
Алиса смета дека фотографиите се прославиле бидејќи ја прикажуваат реалната страна на врските.
„Луѓето не нè знаат и мислам дека тоа е одлично, бидејќи овие фотографии навистина нè прикажуваат нас.“
Сепак, парот не е сигурен дали ќе ги искористи фотографиите за официјално да ја споделат веста за нивната веридба, но сигурно ќе ги покажат на нивната свадба.
Спирова С. | Црнобело