Инстаграм „близначката“ на Ким Кардашијан
За британската блогерка Сонија Али, многумина ќе кажат дека навистина наликува на Ким Кардашијан.
24-годишната блогерка е родена во Лондон, но денес живее во Дубаи. Таа и нејзината сестра имаат заеднички Instagram профил, каде што оценуваат продукти за убавина и прават туторијали за шминкање.
За дел од нивниот успех, дефинитивно е заслужен изгледот на Сонија. А, она што е интересно, пак, е што и нејзината сестра, Физа, наликува на девојка од кланот Кардашијан-Џенер – Кајли.
Сепак, нивните следбеници се најмногу воодушевени од сличноста на Сонија со Ким. Некои од нив дури искоментирале дека таа повеќе личи на Ким и од самата Ким.
Во 2017-та година, сестрите прозбореа за нивните споредби со Ким и Кајли.
„Секогаш ни велат дека сакаме да бидеме како Кардашијанс, но отсекогаш сме изгледале вака бидејќи потекнуваме од Блискиот Исток“, изјави Физа.
Сонија смета дека на Блискиот Исток, секоја жена го има „Кардашијан“ изгледот.
„Луѓето овде не се шокирани од нашиот изглед, бидејќи сите имаат темна кожа, темни веѓи и кафеави очи. Каде и да се свртите, сите изгледаат како Кардашијан.“
Доколку не сте знаеле, таткото на Ким, Роберт Кардашијан, има потекло од Истокот, односно Ерменија, па веројатно ова ја потврдува изјавата на Сонија.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





