Мали ритуали со кои ќе се фокусирате на себе оваа есен
Време е сите да се помират дека летото заврши и конечно може да се препуштиме на свежите, пријатни денови и вечери, стуткани во ќебе, со омилените мириси на есенска храна низ домот.
Наместо да се предадете на заморот, есенската депресија и поспаноста, научете да уживате во овој период од годината и посветете си го времето на себе и грижа за себе.
Динамичното темпо со кое живееме понекогаш мора да го запреме и да научиме да уживаме во малите нешта, да си воведеме мали ритуали со кои ќе се грижиме за нашата добросостојба – физички и ментално.
Па време е да научите да ја славите есента преку ритуали за грижа за себе...
Започнете со 5-те димензии на грижа за себе…
1. Ментална – ревитализирајте ја менталната енергија:
- Вежбајте дишење
- Направете си спа во домашни услови
- Научете нови вештини
- Не заборавајте на омиленото хоби
- Поврзете се со природата и почувствувајте ја есенската вибрација
- Поврзете се со детето во вас – правете активности од детството
2. Физичка – грижете се за вашето тело
- Подобрете ја исхраната – вметнете поздрав избор на намирници
- Направете си домашни топли, есенски пијалаци
- Не заборавајте да внесувате витамини
- Почнете да практикувате било каква физичка активност
- Одете на смирувачки прошетки
- Наспијте се
- Бањајте се со мирисливи купки за арома терапија
3. Духовна – размазете ја душата
- Медитацијата нека ви стане секојдневна рутина
- Пробајте да вежбате јога
- Стимулирајте ја креативноста и преточете ги мислите
- Бидете благодарни за животот и луѓето во него
4. Емоционална – стимулирајте позитивни емоции
- Запишувајте ги вашите мисли и емоции
- Стојте пред огледало и зборувајте сами со себе за поголема самодоверба
- Практиквуајте активности за релаксација на умот и телото
5. Социјална – третирајте се добро
- Поминувајте квалитетно време со семејството и пријателите
- Излезете од комфор зоната
- Вклучете се во социјални активности и излегувајте на друштвени настани и случувања
- Најдете ново омилено кафуле или ресторан
- Одете на еднодневно патување со пријателите и уживајте во есента
Вклучете ги 5-те сетила во есенската рутина…
1. Вкус
- Почнете да готвите вкусна есенска храна
- Додадете билки во исхраната
- Уживајте во топли, есенски пијалаци – утринско кафе, чај, топло чоколадо со цимет, греено вино
2. Слух
- Направете си плејлиста со музика која ве опушта и пуштајте ја почесто
- Излезете во природа и слушајте го шумот на есента
3. Вид
- Искористете ги есенските лисја, тиквите и нешто слично за декорација во домот
- Гледајте зајдисонце и изгрејсонце и уживајте во топлите бои
4. Мирис
- Користете есенцијални масла за топла купка и други намени
- Почесто палете мирисливи свеќи во домот со мирис на есен
5. Допир
- Берете костени, јаболка, лежете во куп есенски лисја
- Вратете се во детството и качете се на дрвја