Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 токсични навики кои секојдневно ви ја крадат среќата

Секој сака да го живее својот најдобар живот, но за некои ова е како невозможна мисија.

8-toksichni-naviki-shto-sekojdnevno-vi-ja-kradat-srekjata-01.jpg

Можеби мислите дека недостатокот од пари и забава ви ја краде среќата, но главниот виновник овде се вашите токсични навики.

Навиките во продолжение се дел од секојдневието на многу луѓе, а токму тие не ви дозволуваат да бидете среќни.

Па, доколку сакате да бидете вистински среќни, заборавате ги овие токсични навики:

Не ги искажувате вашите чувства

Уште од малечки ни кажуваат дека не треба да плачеме, не треба да бидеме тажни и на некој начин, воопшто да не ги покажуваме непријатните и негативни емоции. Ова криење на емоциите продолжува и понатаму во животот, па резултира со многу проблеми.

Според експертите, игнорирањето на негативните емоции ќе ве натера да ги игнорирате и позитивните, бидејќи не можете да контролирате што ќе чувствувате.

Исто така, криењето на емоциите значи и послаба комуникација со другите, нешто што може да има негативно влијание врз сите ваши врски.

Па, уште денес најдете начин да ги искажете вашите чувства и емоции, без разлика дали се добри или лоши.

8-toksichni-naviki-shto-sekojdnevno-vi-ja-kradat-srekjata-02.jpg

Не си дозволувате да правите грешки

Знаевте ли дека некои од најголемите изуми се всушност резултат на некоја грешка. Можеби на хартија изгледа одлично да бидете перфекционист, но ова нема да ве направи посреќни.

Кога не си дозволувате да погрешите, вие се обидувате да постигнете некој идеал кој воопшто не е реален. Поради ова, пак, дури и најмалата ваша грешка ќе направи да се чувствувате ужасно.

Морате да си дозволите да погрешите и да ја промените вашата перспектива за неуспехот.

8-toksichni-naviki-shto-sekojdnevno-vi-ja-kradat-srekjata-03.jpg

Преферирате да бидете жртва

Кога ќе почнете да ги обвинувате луѓето или ситуациите за вашите проблеми, тогаш создавате совршени околности за несреќа.

Навистина е лесно да обвинете некој друг за она што ви се случува, но на овој начин никогаш нема да можете да ги контролирате нештата што не ви се допаѓаат.

Доколку, на пример, постојано доцните на работа, можеби ќе го обвинете сообраќајниот метеж. Но, кога ќе сфатите дека можеби проблемот е во вас, ќе почнете да барате решение. На пример, ќе почнете да станувате порано или ќе го замолите шефот да почнувате подоцна со работа.

Обидете се да ги гледате сите проблеми на овој начин и ќе почнете да гледате можности, наместо пречки.

8-toksichni-naviki-shto-sekojdnevno-vi-ja-kradat-srekjata-04.jpg

Не простувате

Ако сте гневни и не можете да му простете на некој долго време, не заборавајте дека тоа доаѓа со здравствени последици, како депресија и кардиоваскуларни проблеми.

Истовремено, важно е да знаете дека штом не можете да простите некому, тогаш најверојатно постои и подлабок проблем.

Овој проблем може да биде ниска самодоверба, но и други нешта што прават да се чувствувате неудобно.

Ако, на пример, некој ви рече дека сте глупави, нема потреба да бидете гневни ако знаете дека тоа не е вистина.

На крај, со гневот само се повредувате себеси. Постојано мислите на лошата ситуација и одново и одново се чувствувате гневно и беспомошно. Па, не трошете си го времето на нешто што не можете да го промените и научете да простувате.

8-toksichni-naviki-shto-sekojdnevno-vi-ja-kradat-srekjata-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
12 совети за безбедност што треба да ги знаете – можат да значат живот Кога одите на непозната локација, како сала за концерт, секогаш разгледајте кој ...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Фото докази од луѓе кои имале една работа – и не успеале да ја завршат како што треба Кога вработените во маркет целосно ќе ги промашат производите и ќе ги стават на ...
6 прашања што ќе ви помогнат да ја откриете вашата токсична особина (и како да се ослободите од неа) Дали имате желба да им наредувате на другите и да ги терате да прават тоа што са...
12 фотки поради кои ќе посакате да врескате од нервоза „Ѝ кажав на сопругата дека може да изеде пола од моите јагоди - секоја јагода е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg