8 токсични навики кои секојдневно ви ја крадат среќата

Мислите дека можете да читате мисли

Никогаш не можете да знаете што точно мислат другите. Сепак, сигурно барем еднаш во денот помислувате дека некој смета дека сте глупави, здодевни и слично.

Доколку често се наоѓате во ваква ситуација, пробајте да верувате дека другите имаат само добро мислење за вас.

Оваа перспектива ќе ви ја зголеми самодовербата и ќе бидете поотворени за комуникација.

8-toksichni-naviki-shto-sekojdnevno-vi-ja-kradat-srekjata-06.jpg

Се фокусирате на туѓиот успех

Денес изгледа речиси невозможно да не се споредувате со некого. Благодарение на социјалните мрежи, сите посакуваме да имаме туѓ живот, туѓа облека, туѓ дом…

Но, на овие платформи, луѓето ги покажуваат само работите што сакаат да ги видиме. Никогаш не знаете дали нечиј живот навистина е таков како на социјалните мрежи.

Покрај тоа, кога премногу се фокусирате на туѓиот успех, се запоставувате себеси.

За да го решите овој проблем, обидете се секој ден да запишете барем неколку работи што сте ги направиле и за коишто се гордеете. Ова ќе ви помогне да сфатите колку сте вредни и да продолжите да се движите напред.

8-toksichni-naviki-shto-sekojdnevno-vi-ja-kradat-srekjata-07.jpg

Се потпирате на туѓото мислење

Колку често се обидувате да го оставите „правилниот“ впечаток кај некој? А, колку пати ова ве направило среќни? Речиси никогаш.

Понекогаш сите ние сакаме да импресионираме луѓе што не ни се ни допаѓаат или да им докажеме нешто на оние за кои не се ни грижиме.

Проблемот е што мислењето на овие луѓе има големо влијание врз вас, без разлика што воопшто не ви значат.

Па наместо да се обидувате да им угодите на сите, бидете свои. Кога правите нешто, запрашајте се дали го правите за вас, или само за признанието од некој друг.

8-toksichni-naviki-shto-sekojdnevno-vi-ja-kradat-srekjata-08.jpg

Им дозволувате на минатото и иднината да влијаат врз сегашноста

Не секогаш размислувањето за минатото или иднината ќе ве направи несреќни, но обидете се да не „заглавите“ таму.

Ако постојано мислите на нешто од минатото, најверојатно постои некој нерешен проблем. Ако, пак, се фокусирате само на иднината, тогаш можно е да имате проблем со анксиозност.

Многу истражувања покажале дека луѓето кои се фокусираат на сегашноста, се всушност најсреќни. Иако можеби е тешко веднаш да почнете „да живеете“ во сегашноста, постојат неколку трикови за ова:

- Фокусирајте се на слушањето. Забележете го секој звук – близок, далечен, гласен, тивок…

- Потоа почнете да ги истражувате миризбите. Забележете ги мирисите што се постојано присутни, како и оние што се појавуваат и исчезнуваат.

- Можете и едноставно да гледате во облаците. Обидете се да забележите што е можно повеќе детали и обидете се да ги споредите со нешто.

8-toksichni-naviki-shto-sekojdnevno-vi-ja-kradat-srekjata-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg