Сите митови за пијанството
Дел од празниците поминаа, дел тек не очекуваат. Сигурно пивнавте и за новогодишната ноќ, а нема да одолеете на алкохолот и во наредните неколку...
...празнични денови.
Што треба да знаете кога веќе сте се решиле да пиете?
1. Пиењето кафе ќе ве отрезни побрзо.
- Лага. Кофеинот може да ве разбуди, но нема да го намали нивото на алкохол во крвта. Со шолја кафе само ќе ви биде потешко да сфатите дека сте уште пијани.
2. Мешањето на разни алкохолни пијалаци ќе предизвика мачнина.
- Лага. Нема хемиска реакција меѓу пијалаци како пиво, вино или жестоко заради која наредното утро би можело да ви биде лошо. Она што е важно е вкупната количина алкохол која ја консумирате.
Поголемо двоумење предизвикува прашањето дали темните пијалаци како вискито се посилен стимулатор за главоболка од бистрите пијалаци како што е вотката.
Можна е разликата што темните пијалаци имаат поголема концентрација конгенер, нуспроизвод на ферментацијата. Сепак некои истражувања покажуваат дека нема врска меѓу интензитетот на главоболката и видот на алкохолот.
3. Шампањот ќе ве опие полесно од виното.
- Вистина. Се чини дека меурчињата во шампањот имаат улога. Можно е да ја отворат валвулата во желудникот заради што алкохолот полесно стигнува до крвотокот.
4. Побрзо ќе се опиете ако пиете од цевка.
- Лага. Освен ако не вовлекувате побрзо отколку кога пиете со чаша – друга логика нема. Митот најверојатно е настанат затоа што пијалаците кои се служат со сламка често имаат овошна арома која го маскира вкусот на алкохолот и заради што се пие во поголема количина.
5. Сите кои консумираат алкохол имаат пивски стомак.
- Лага. Алкохолот е многу калоричен. Типична кригла светло пиво содржи околу 170 калории. Сепак, најголем број студии покажале дека количината испиено пиво нема врска со стомакот.
6. Постојат многу начини да се победи мамурлакот.
- Лага. Не постои ефективна превенција за главоболката настаната од претерано консумирање на алкохолот – покажало анализирање на благодетите на бананите, аспиринот, фруктозата, гликозата и останати лекови.
Вистина е дека постојат и други фактори кои настануваат во текот на ноќта кои го прават ослободувањето од главоболката уште потешко – пушење, играње, прејадување, недостиг на сон...