Како да оставите впечаток на самоуверена личност од прв поглед?
Секојдневно се наоѓаме во секакви ситуации, некои ни ја земаат и последната трошка енергија и нè претвораат во сеништа.
Многу често се чувствуваме колебливо кога треба да влеземе во просторија со многу луѓе. Веројатно не би постапиле поразлично, освен со наведната глава да зачекориме во собата, потајно чувствувајќи неудобност што се наоѓаме таму.
Посебно во бизнис секторот, такво себе прикажување не води никаде. Затоа, ако одлучите да работите на себе постојат многу техники кои можат да ги сменат вашите навики и луѓето да почнат да ве доживуваат поинаку, независно дали на професионално или приватно поле.
Иако многумина знаат дека за да изгледаш како личност кој пред сè верува во себе треба правилно да го држиш телото, погледот да го кренеш високо, на лицето да му изнудиш пријатна насмевка и со погледот да нишаниш директно во целта. Можеби ова на сите ни е познато, но доста од нас никогаш не го практикуваат.
За ова на телото да му стане навика, замислете си дека на рамка од секоја врата стои закачено јаже, а вие треба да го фатите со заби и да се држите за него.
И така, пробајте да замислите како да сте некој акробат и пробувате да ја изведете точката на вечерта. Почнувате со зафрлање на главата наназад, потоа исправате се, додека лицето ви се истега во насмевка со цел да го загризете јажето.
Буквално половина од вашата тежина како да се префрлила во горниот дел од телото и без да чувствувате тежина во стапалата, зачекорите лесно каде и да одите.
Ова е првиот чекор ако сакате да изгледате како победник, барем за почеток и во сопствените очи.
Практикувајте секогаш кога ќе минувате низ врата, и верувајте дека за неколку дена ќе ви стане навика и ќе започнете една нова етапа од вашиот личен развој. Како и да е, вреди да се проба.
Х. Е. | Црнобело