Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сара Греј - најтетовираната докторка во светот (фото)

Доктор Сара Греј е ортопедски хирург од Аделаида, Австралија и денес е позната како докторката со најмногу тетоважи. 

sara-grej-najtetoviranata-doktorka-vo-svetot-01.jpg

Таа смета дека е „најшарената“ докторка во болницата и дека нејзиниот изглед не би требало да има влијание врз мислењето на пациентите за неа.

„Ако сте сигурни и коректни во својата работа, не би требало да биде важно како изгледате“, изјавила 31-годишната докторка.

Според Сара, нејзините тетоважи не претставуваат проблем, туку всушност помагаат во интеракцијата со пациентите, особено помладите.

Сара е родена во Аделаида, а првата тетоважа ја направила кога имала само 16 години. На почетокот не планирала да прави многу тетоважи, но со текот на времето, нејзината колекција се зголемувала.

Нејзината љубов кон тетоважите ја претворила и во кариера, па заедно со нејзиниот сопруг имаат и студио за тетовирање.

„Само се обидувам да се залагам за тоа дека можете да бидете своја личност, а истовремено да работите во медицината.“

Нејзините тетоважи дефинитивно не ја закочиле во кариерата, бидејќи Сара веќе е призната како една од најдобрите млади лекари.

Но, понекогаш, тетоважите ѝ предизвикувале и проблеми. Сара споделила дека понекогаш ја бркале од ресторани кога ќе го виделе нејзиното тело, а во некои продавници не сакале да ја услужат.

Сепак, колегите на работа и пациентите не ја дискриминирале на никаков начин. Иако имало ситуации кога и во болница ѝ суделе поради нејзиниот изглед, тоа го правеле многу мал број луѓе.

„Потребни ни се повеќе луѓе кои се вистински свои, особено во традиционално конзервативните сектори. На овој начин ќе исчезне ’шокот‘ и ние можеме да станеме социјална норма. Само се надевам дека оние што нè осудуваат како лоши луѓе поради нашиот изглед, повеќе нема да бидат слушани.“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
Фотки кои ќе ве утешат: Луѓе кои имале полош ден на работа од вас Скинати фармерки, но и колеги кои како да забораваат дека во канцеларијата има и...
12 фотки поради кои ќе посакате да врескате од нервоза „Ѝ кажав на сопругата дека може да изеде пола од моите јагоди - секоја јагода е ...
Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг Стивен Хокинг не дозволил болеста да му претставува пречка во научната работа ни...
Фото докази од луѓе кои имале една работа – и не успеале да ја завршат како што треба Кога вработените во маркет целосно ќе ги промашат производите и ќе ги стават на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg