Што треба да знаете за Нур-Султан (Астана), главниот град на масоните?

Масоните, илуминатите и другите тајни друштва ги имаат своите свети места за собирање и договарање. Единствениот „вистински“ град на масоните се нарекува Нур-Султан (Астана). 

shto-treba-da-znaete-za-astana-glavniot-grad-na-masonite-01.jpg

Градот се наоѓа во Казахстан, а на персиски јазик значи „кралски или свет праг“. Претходно бил нарекуван Акмола, Акмолинск, Целиноград, Аквмола и Астана. Нур-Султан е главен град на Казахстан од 1997 година.

Нур-Султан е прв главен град на некоја земја изграден во 21 век, а совршено зборува за насоката кон која се движи светот.

Сепак, за добрите познавачи на масонската симболика, ова е окултен град во кој се јасно споени две тенденции - славењето на „Новиот светски поредок“ и обожавање на Сонцето како врховно божество.

Во градот се наоѓа „Палатата на мирот и помирувањето“, исто така позната и како „Пирамида на мирот“. Висока е 62 метри, а конечно е завршена во 2006 година. Изградбата чинела околу 60 милиони долари.

Иако, според нејзиниот креатор, требала да доведе до „обединување на сите светски религии“, па затоа не содржи видливи религиозни симболи, вистината е, всушност, спротивна – се работи за окултен храм посветен на Сонцето.

Внатрешноста на пирамидата е направена според сите масонски окултни правила, а го отсликува патот на човекот на патот на просветлување, од иницијација до „стекнување на светлина“.

Astana glavniot grad na masonite 02

Во подземниот дел се наоѓа оперска сала, во која можат да се сместат 1500 посетители. Темна е и делува како пештера. Тука се наоѓа и огромна слика на Сонцето што го зафаќа целиот таван.

Во централниот дел на „Пирамидата на мирот“ е конференциска сала со тркалезна маса, исто така, во форма на сонце, која е поставена веднаш над сонцето на таванот на оперската сала.

Во внатрешноста на златната кугла, која нуди прекрасен поглед на целиот Нур-Султан, има неколку предмети чија намена не може да се утврди. Тука има и глобус со потписи на претставници на 17 религиски насоки, што нè враќа на темата на спојување на сите религии во една.

Astana glavniot grad na masonite 03

Двата златни столбови во градот ги претставуваат двата столба на Источната порта на Соломоновиот храм во Ерусалим, што е најголемото светилиште на масоните. Столбот од десната страна е познат како Јахин, а левиот како Боаз.

Една од вековните цели на масоните била создавање на Нов Ерусалим и обнова на храмот на Соломон, во целата негова поранешна величественост, така што столбовите Јахин и Боаз се еден од најраспространетите масонски симболи.

Оваа замена на куполи и кули или обелисци, како ознака за машки и женски принцип, е присутна во сите поголеми градови, кои се сметаат за центри на моќ и кои биле градени во согласност со принципите на Светата геометрија и окултната симболика, како Париз, Лондон и Вашингтон.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
Места ширум светот со најмногу рестрикции за посетители (забранети се и за најмоќните лидери) Капелата во којашто се верува дека се наоѓа ковчегот со 10-те божји заповеди е в...
Кои се највисоките градби на секој континент? Бурџ Халифа, со своите 828 метри, е највисоката градба во Азија, но и во светот....
Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg