Придржување врата на непознати

vrata na nepoznatiСе знае дека е ред да им се придржи вратата на постарите, џентлмените им ја отвараат и придржуваат вратата на дамите,

нормално е да му се отвори и придржи тешката врата на дете кое самото тоа не може да го направи.

Некогаш, меѓутоа е малку потешко да се одреди кон колку луѓе би требало да се примени овој гест на пристојност.

На што се мисли при тоа? На сите оние ситуации кога по вас излегуваат поголем број луѓе, или кога вие излегувате па му ја придржувате вратата некому да влезе, а по него влегуваат уште многу луѓе. Некогаш тоа е во сопствената зграда, некогаш во продавница, во болница .... Нормално би било некој зад вас да ја фати вратата и да ја придржи за тие што доаѓаат по него, но често пати тоа не се случува, никој несака да ја пипне вратата,pridrzuvanje vrata na nepoznati сите само гледаат да влезат и излезат, а вие тогаш изгледате како некој портир.

Незгодна ситуација. Од една страна, сакате да бидете пристојни и на особата која доага зад вас да и ја придржите вратата, а не таа врата да ја удри, само што тоа тогаш го користат и многу други, а вие не сакате да изигрувате портир. Дали првилата на пристојност говорат нешто за тоа?

Да говорат. Вратата му се придржува на тој кој е непосредно зад вас-по него имате полно право да ја пуштите и да продолжите по својот пат, и тоа не ве прави нималку непристоен. Особата која е непосредно зад вас треба да ја прифати вратата, освен ако се работи за лице кое на некој начин е онеспособено тоа да го направи.

Но, ако така постапите, вратата би можела некого да удри! Теоретски, да би можела- во пракса тоа не се случува, бидејќи тој кој доаѓа после гледајќи дека никој не му ја придржува вратата, рефлексно ја пружа раката да ја придржи вратата. Луѓето ќе ја искористат можноста да ја избегнат “напорната обврска“ придржување врата ако таква прилика постои, но ќе реагираат агилно ако видат дека не можат вас да ве искористат како личен портир, и нема да има повредени.

Би можело да ве интересира:

Кои правила ги следат агентите на Американската тајна служба кога го штитат претседателот? Некогаш му прават друштво на претседателот до тоалетот и ако тој сака да џогира ...
10 фотографии од секојдневниот живот кои ќе ви го стопат срцето „Мојата прабаба, која има 103 години, се смее додека во раце ја држи ќерка ми“, ...
Што да правите, а што не ако почне да грми кога сте на плажа? Немојте да се криете под шатор или тенда и ако во близина нема затворен простор,...
Исповеди: „Што ќе направам со парите ако добијам на лото и станам многу богат/а?“ „Анонимно ќе одам на некоја платформа за хуманитарни цели и ќе донирам големи су...
Две умреле под мистериозни околности – Кои биле љубовниците на Кенеди и колку пари добила Џеки за да... Американските медиуми пишувале за аферите на претседателот Џон Ф. Кенеди уште пр...
Мајките гневни на ZARA заради маичка за деца: „Ова е морничаво, злобно и непристојно“ „Одлична ужинка – гризни ја“ стои на натписите на маичките за деца што шпанскиот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg