Шовинистот, Онлајн манијакот, Разочараниот - 10 типови на слободни мажи по 30-тата година

Типот кој најпосле е добра прилика

Откако драстично ослабел, целосно го сменил стилот на облекување и доживеал ран успех во кариерата, типот кој најпосле е „добра прилика“ добива повеќе внимание во последните неколку месеци, отколку што имал во првите 25 години од животот.

На девојките околу него им е пресимпатично што таков привлечен тип успеал да остане приземјен и скроен, а „финтата“ е што тој сè уште смета дека сите овие девојки се надвор од неговиот домет.

Кога конечно ќе ја прифати новата ситуација и ќе сфати дека е во предност, тој започнува да им намигнува на сите девојки, вклучувајќи ги и оние на неговите другари, како и на секоја непозната девојка која ќе ја сретне на улица.

Нормалниот тип кој сè уште не ја запознал вистинската девојка и навистина сака луѓето да престанат да го сожалуваат

Овој тип едноставно ужива во животот. Си ја сака работата, има супер пријатели не гледа ништо трагично во тоа што сè уште е сингл. Не се брза да биде во врска по секоја цена и е сосема сигурен дека во одреден момент ќе ја запознае вистинската девојка и ќе се ожени со неа.

Исто така, овој тип не е сигурен зошто сите луѓе што го познаваат се обидуваат да му помогнат и да дешифрираат „во што е проблемот“. Родителите му се многу загрижени и секоја шанса ја користат да го прашаат дали се гледа со некоја. Пријателите сакаат да му помогнат и постојано му „местат“ девојки.

Иако е благодарен за сета оваа непобарана помош од околината, тој само сака сите да престанат да мислат дека нешто не е во ред со него и да си го гледаат својот живот исто како што тој си го гледа својот.

Тип кој агресивно се „пушта“ на интернет и не може да се смири зошто сè уште не е оженет

Сосема спротивно од претходниот тип, овој не може да поверува како сè уште не е женет. За време на средното училиште, факултетот и доцните 20-ти години, овој тип секогаш има девојка и бил во „сериозна“ врска.

Со години ги сожалувал другарите коишто немаат девојки, а сега е во своите 30-ти години и е сè уште сингл. Има 4 различни профили на Фејсбук, се допишува со 20 девојки истовремено, упатувајќи им слаткоречиви комплименти, деноноќно „манијачи“ девојки на Инстаграм, а кога луѓето ќе го прашаат зошто не излегува со никоја, тој им појаснува дека едноставно е презафатен со кариерата и нема време за сериозна врска.

Недекларираниот хомосексуалец

Овој тип е многу блиску до совршената прилика – згоден, одлично се облекува и има одлична работа. Забавен е, елоквентен и многу шармантен. Единствената маана му е тоа што жените апсолутно не го привлекуваат.

Типот кој кренал раце од сè во животот

Не дека претходно се трудел нешто многу, но сега веќе навистина ги кренал рацете од сè. Овој тип не сака да излегува, да оди во кафеани или барови, одбива да се „пушти“ на некоја девојка, макар и онлајн да ѝ пише на некоја.

Марихуаната и Икс боксот магично си го најдоа своето место во неговата соба, откако претходно беа скриено на дното од плакарот.

Во душата, Типот кој кренал раце од сè, всушност се плаши од многу работи, но неговиот страв го манифестира со незаинтересираност, во која преовладува пасивноста. Постои само еден начин кој може да го извлече од апатијата, а тоа е девојка која не се откажува така лесно. До тогаш, навистина не му е гајле за ништо.

Извор



Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg