Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Шовинистот, Онлајн манијакот, Разочараниот - 10 типови на слободни мажи по 30-тата година

Во група од 30-годишни мажи, задолжително ќе ви покажам барем еден што живее со цимери, неколкумина кои ја градат својата кариера и задолжително некој што и понатаму се бара себеси, а попатно бара работа (ама моли Бога да не ја најде).

10-tipovi-na-30-godisni-mazi-01.jpg

Доколку сакате да го проучувате човештвото, сингл 30-годишните мажи од прилика ги опфаќаат сите варијанти.

Да ги погледнете најчестите типови на мажи кои веќе ја ситнат четвртата декада од животот, а останале сами:

Типот „Целосен пакет“

„Целосниот пакет“ на маж во своите 30-ти е паметен, бидејќи има одлично образование. Тој спортува, музички е надарен и страстен вљубеник во патувањата. Тој е згоден и многу негуван.

Овој маж има сјајна кариера, но не е типичен работозависник, бидејќи себеси се декларира како семеен човек кој е во потрага во својата идеална половина.

Постои само една работа која тој ја нема – девојка која е достојна за него и неговите квалитети.

Таа би била „шлаг на тортата“ и често пати ја замислува толку многу убава што сите други се вртат по неа, преполна со шарм и харизма, ги освојува сите во секоја просторија каде што влегува, сјајна ѕвезда во подемот на неговата кариера, а нејзините многубројни пријатели ја обожаваат.

Но, тоа е нејзиниот идентитет резервиран за пред јавноста, дома е фантастична во кревет, спектакуларна готвачка, полна љубов, несебична е и лојална. Таа, исто така, зборува француски, знае да игра тенис, преубаво пее, чита многу книги и е експерт за историја. Неговата Јулија.

Не е никакво чудо што „целосниот пакет“ на маж е сам. Неговата борба се води некаде помеѓу превисоките стандарди и очекувања за совршена партнерка и паничниот страв дека ќе го дочека 40-от роденден сосема сам.

Тип „Втора шанса“

Овој тип на маж бил во долга врска со својата девојка. Никогаш не изгледал премногу среќно и исполнето, но сите логично претпоставувале дека со текот на времето дефинитивно ќе завршат заедно и ќе се венчаат.

После долгото и болно раскинување, типот „Втора шанса“ е подготвен да се врати во живот. Не е премногу сигурен што значи да се биде сингл, но е премногу среќен што конечно припаѓа во оваа категорија и дефинитивно ќе излегува вечер.

Тој воедно му е смртен непријател на типот „Смирен вереник“ кој е подеднакво несреќен во својата врска, ама некако го трпи сето тоа, неспособен да се ослободи од слатката инерција по која се движи. Тој дефинитивно не сака да ги слуша најновите случки и авантурите на сега веќе слободниот „Втора шанса“ кој неретко се однесува како куче пуштено од синџир.

Типот кој мора по секоја цена да се ожени со некоја од својата националност и религија или родителите никогаш нема да му прозборат

Како да не е доволно тешко да се пронајде добар животен сопатник, родителите на овој тип на маж воопшто не му ја олеснуваат работата. Во еден период тој се обиде да им противречи, но откако неговите родители не ѝ дозволија на поранешната девојка да влезе во куќата само затоа што не е од истата држава како нив, тој ги крена рацете.

Тој, исто така, би бил премногу благодарен доколку неговата мајка престана да му договара состаноци „на слепо“ со „супер девојчиња“ и доколку престане постојано да го спомнува наследството и тестаментот во случај да не ги послуша за изборот на идната жена.

Шовинистот

Шовинистот ги мрази жените, но и тие го мразат него. Тој и не знае баш многу за спротивниот пол, но може да ви го каже точниот број на жени со коишто спиел – 214.

Претходно имал прилично добар успех со спротивниот пол, во фазата кога тие биле привлечени од страна на кретени, но во последно време изгледа дека му се наклонети само оние со најмалку самодоверба во себе.

Близнакот на Шовинистот е „Вечниот прељубник“. Различни се, но сосема добро се разбираат.

Тип кој прерано ја доживеал „славата“

Овој тип имал сè за што може да сонува еден 17-годишник. Лесно се провлекол низ факултетот, најголемиот фраер кому сè му одело „од рака“, а ги имал и најубавите девојки во раните 20-ти години од животот.

Но, на 24 години раскинал со девојката која сè уште тешко ја преболува. 7 години подоцна, косата веќе му е побелена, покажува рани знаци на ќелавост, а неговата „слава“ од средношколските и факултетските денови сè поретко се споменува во разговорите.

Тој воедно забележува дека сè помалку им се допаѓа на девојките каква што беше неговата поранешна девојка, па ги спуштил „стандардите“ за некои 3-4 скалила.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg