Работи на кои богатите луѓе не трошат пари, па не би требало ниту вие

Скап дом

Без разлика што имаат многу пари, богатите сепак бараат добри понуди кога купуваат дом. Тие сакаат да ја добијат најдобрата вредност за нивните пари.

Можеби нивните домови чинат милиони, но тоа не значи дека не преговарале за цената.

Ворен Бафет, кој е можеби третиот најбогат човек на планетата, уште живее во куќата што ја купил во 1958-ма година, за околу 200.000 долари.

Купување наместо изнајмување

Некои богати одат дотаму што воопшто не ни купуваат куќа.

Денес изнајмувањето е попопуларно од кога било, дури и меѓу богатите.

skapi-domovi-i-luksuzni-brenovi-raboti-na-koi-bogatite-ne-gi-troshat-svoite-pari-04.jpg

Скапи фризери

Сите треба да се средиме одвреме-навреме, но многу богати не сакаат да трошат цело богатство во фризерски салони.

Милијардерот Џон Кодвел има изјавено дека воопшто не ни оди на фризер, туку самиот се потстрижува.

Повеќе кредитни картички

Нормално дека богатите не сакаат да шетаат наоколу со голема сума пари во џебот. Сепак, ретко кога имаат картичка од повеќе банки.

Всушност, само 8% од богатите имаат повеќе од една картичка. Истовремено, дури 77% од сиромашните имаат повеќе кредитни картички.

Не заборавајте дека со повеќе кредитни картички доаѓаат и повеќе трошоци.

skapi-domovi-i-luksuzni-brenovi-raboti-na-koi-bogatite-ne-gi-troshat-svoite-pari-05.jpg

Надомест за задоцнето плаќање

Никој не сака да плаќа надомест затоа што задоцнил со некоја уплата, а истото важи и за богатите.

Затоа секогаш кога можете, подмирувајте ги долговите навреме.

Предмети кои не траат

Само затоа што имаат многу пари, не значи дека богатите секоја година купуваат нова покуќнина. Најчесто тие вложуваат во квалитетни предмети кои ќе им траат долго.

Трошење пари на материјални нешта

Повеќето богати повеќе сакаат да ги трошат парите на нови и незаборавни искуства, наместо на материјални нешта.

Сепак, предметите имаат рок на траење, но искуствата ќе бидат со вас целиот ваш живот.

skapi-domovi-i-luksuzni-brenovi-raboti-na-koi-bogatite-ne-gi-troshat-svoite-pari-06.jpg

Пензија

Пензионирањето ретко е фокус на богатите, бидејќи голем дел од нив воопшто не планираат да одат во пензија.

Всушност, 54% од милијардерите сакаат да работат и после пензија, а 60% од луѓето со богатство од над 15 милиони, планираат да работат без разлика на нивната возраст.

Коцкање

Богатите не се коцкаат за да заработат, но ретко го прават тоа и за забава.

Знаевте ли дека еден милијардер, во својот дом поставил автомат за да им одржи лекција на своите деца? Сакал да им покаже дека кога ќе добијат повеќе пари, веднаш ќе паднат во искушение одново да ги вложат и да ги потрошат.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg