Работи на кои богатите луѓе не трошат пари, па не би требало ниту вие

Можеби богатите луѓе можат да дозволат да си купат што и да посакаат, но повеќето од нив добро размислуваат пред да дадат пари за нешто.

skapi-domovi-i-luksuzni-brenovi-raboti-na-koi-bogatite-ne-gi-troshat-svoite-pari-01.jpg

Тие речиси никогаш не купуваат предмети со лош квалитет, не купуваат нова технологија само затоа што е хит и не трошат мало богатство во фризерски салони.

Погледнете ги работите за кои богатите не ги трошат своите пари:

Непланирано купување

Кога шетате низ продавниците, може да биде навистина тешко да му одолеете на џемперот што сега не ви е ни потребен. Но купувањето непотребни работи е нешто што богатите не го прават.

Ова не значи дека овие луѓе не даваат повеќе пари за она што го сакаат, туку едноставно, размислуваат добро пред да купат нешто.

Големо наследство

Секој од нас барем еднаш посакал да наследи голема сума пари од некој роднина. Но знаевте ли дека повеќето богати личности, не планираат да ги остават нивните пари во наследство?

На пример, Бил Гејтс и Марк Цукерберг имаат изјавено дека сакаат нивните деца самите да се снајдат, а не да зависат од нивното богатство.

Наместо тоа, овие милијардери даваат голем дел од нивните пари во добротворни цели.

skapi-domovi-i-luksuzni-brenovi-raboti-na-koi-bogatite-ne-gi-troshat-svoite-pari-02.jpg

Телевизори и видео игри

Богатите не го стекнале своето богатство гледајќи телевизија по цел ден. Па, затоа не ни трошат пари за најновите модели на телевизори, додатоци и видео игри.

Томас Корли, автор на Rich Habits, открил дека 67% од богатите воопшто не гледаат телевизија.

Луксузни брендови

Не сите богати сакаат да ги трошат нивните пари на брендирана облека.

На пример, основачот на IKEA, Ингвар Кампард, има изјавено дека не носи брендирана облека бидејќи сака да постави добар пример. Бил Гејтс пак, има изјавено дека носи рачен часовник од 10 долари, иако може да си дозволи цел гардеробер со Rolex часовници.

skapi-domovi-i-luksuzni-brenovi-raboti-na-koi-bogatite-ne-gi-troshat-svoite-pari-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg