Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Од страв дека нема да го дочека 5-тиот роденден на дечињата, мајка направила емотивна фотосесија

Приказната на Рејчел Перман започнува со тажен пресврт, но крајот е навистина прекрасен.

majka-napravila-zabavna-fotosesija-so-nejzinite-deca-otkako-go-pobedila-rakot-01.jpg

Оваа мајка се плашела дека нема да го дочека 5-тиот роденден на своите деца поради болеста со која се борела. Но откако ја добила битката, решила да го прослави роденденот на нејзините деца на навистина посебен начин.

Рејчел била дијагностицирана со рак веднаш откако ги родила нејзините близнаци.

„Решив да направам магична фотосесија за роденденот на моите деца оваа година, бидејќи пред 5 години бев дијагностицирана со рак.“

majka-napravila-zabavna-fotosesija-so-nejzinite-deca-otkako-go-pobedila-rakot-02.jpg

Тој период нејзиното најстаро дете, Микајла, имало 5 години, па Рејчел не знаела дали ќе го има истото време и со близнаците.

„За нивниот петти роденден сакав со фотографии да ги прославам нештата што тие ги сакаат. Ова е прослава за мене и за нив!“

Ќерка ѝ Емили ги сакала сите „женски“ работи и навистина сакала принцези, па Рејчел организирала фотосесија со коњ преправен во еднорог.

majka-napravila-zabavna-fotosesija-so-nejzinite-deca-otkako-go-pobedila-rakot-03.jpg

Син ѝ Илајџа пак, бил речиси зависен од анимираниот филм Up веќе неколку години.

„Тоа е единственото нешто што го црта (куќата со балони) и единствените книги што ги сака и единствената играчка што ја сакаше од Disney World. Па добив идеја за фотосесијата, а ги поканив и неговите прабаба и прадедо за да го изненадам. Навистина му се допадна што и тие беа облечени за фотографирањето.“

majka-napravila-zabavna-fotosesija-so-nejzinite-deca-otkako-go-pobedila-rakot-04.jpg

Ричард и Керолајн Бејн, 90-годишните баба и дедо на Рејчел, со задоволство ја прифатиле поканата. Ричард дури отишол да си купи сако и бастун.

Иако фотографиите на Рејчел брзо станаа хит, таа е навистина скромна во врска со нејзиниот успех, што воопшто не го очекувала.

„Забавно е што допрев толку многу луѓе. Постојано им велам на децата: Вие нè правите среќни, а сега ја усреќивте целата нација!“

Извор

Би можело да ве интересира:

„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Најбизарните работи што ги направиле познати инфлуенсери (за лајкови и гледаност) Инфлуенсерката Руби Френки се соочува со казна затвор до 30 години за малтретира...
Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг Стивен Хокинг не дозволил болеста да му претставува пречка во научната работа ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg