Џејн Биркин и Серж Гансбур: Двојка чија врска била обележана со скандали, кавги, но и голема, боемска љубов!
Иако многумина ќе речат дека биле скандалозна двојка, овој француски музичар и поет и неговата муза ги инспирирале младите генерации. Нивната љубов била нераскинлива и дива, детално изложена на јавноста. Тие се сакале и се расправале страсно.
Таа била млада британска актерка, а тој музичар со карактеристичен француски шарм.
Нивната десетгодишна љубовна врска е архетип на она што денес го замислуваме кога ќе го спомнеме боемскиот Париз.
Љубовта помеѓу Џејн Биркин и Серж Генсбур била бурна, полна со скандали, но без сомнение, голема и моќна.
Биркин и Генсбург за прв пат се запознале на сетот на филмот „Слоган“. Биркин во тоа време минувала низ развод со нејзиниот тогашен сопруг. Иако не зборувала француски, сепак ја добила улогата во филмот. Генсбург на почеток бил арогантен и воопшто не ја сакал.
И двајцата биле познати по нивната експлозивна енергија и јавните афери, кои биле вообичаени во нивните животи.
За нивната ексцентрична љубов раскажува и една расправија што ја имале за време на нивниот престој во Париз. Имено, Џејн на крајот се фрлила во Сена, а Серж скокнал и ја спасил. Расправијата завршила со насмевки.
Познатата песна „Те сакам ... Ниту јас тебе“ (Je T'aime,...Moi Non Plus ) ја прославила оваа двојка. Песната била посветена на актерката Бриџит Бардо. Во меѓувреме, Серж ја снимил песната со Џејн Биркин во 1969 година, а за скандалозната песна биле напишани илјадници коментари.
После десет години, Џејн Биркин и Серж Генсбур ја раскинале својата страсна врска. Џејн повеќе не можела да ја контролира неговата агресија и алкохолизам. Но и по нивното раскинување, нивната врска останала силна. Заедно имаат ќерка Шарлот Генсбург.
Страста и расправијата биле дел од нивниот бурен боемски живот, но Серж и Џејн станале еден од најпознатите парови во 1960-тите и 1970-тите, како и синоним за боемска љубов.
Ашера | Црнобело