Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Од каде потекнува суеверието за петок 13-ти?

Стравот од бројот 13 е толку распространет, што дури постои и научно име за оваа ирационална фобија - трискаидекафобија. Научно име има и стравот од петок 13-ти, па оваа фобија е позната како параскевидекатриафобија.

od-kade-poteknuva-sueverieto-za-petok-13-ti-01.jpg

Многумина веруваат дека бројот 13 е несреќен уште од библиски времиња. На пример, се верува дека Јуда бил 13-тиот гостин на тајната вечера, па дури и денес се верува дека не е добро да има 13 луѓе на една маса.

od-kade-poteknuva-sueverieto-za-petok-13-ti-02.jpg

Сепак, бројот 13 се смета за несреќен уште пред времето на Исус. Во минатото се верувало дека бројот 12 е целосен и означува совршенство, додека 13 ја нарушува таа рамнотежа. Веројатно затоа постојат 12 месеци во годината, 12 олимписки богови, 12 часови на часовникот, 12 апостоли, 12 потомци на Мухамед, 12 знаци во хороскопот…

Суеверијата поврзани со бројот 13 постојат и денес, па сè уште можете да најдете хотели кои немаат соба број 13, згради без 13-ти кат, а во некои авиокомпании дури нема ни авионски седишта со овој број.

Некои, пак, веруваат дека целата приказна со бројот 13 започнала во 1307-ма година. На петок 13-ти 1307-ма година, Филип IV од Франција уапсил стотина темплари.

od-kade-poteknuva-sueverieto-za-petok-13-ti-03.jpg

Во својата книга „Кодот на да Винчи“, Ден Браун раскажува дека на петок 13-ти бил погубен темпларот Жак де Молај, кој пак ги проколнал папата и кралот на Франција.

Постои веројатност и романот на Томас Лосон, „Петок 13-ти“, од 1907-ма година да има улога во ширењето на суеверието. Во овој роман, еден брокер го користи суеверието за да предизвика паника на Волстрит на петок 13-ти.

Има уште едно верување поврзано со Волстрит – некои веруваат дека паниката околу овој ден настанала после 1929-та година, кога се случил најголемиот крах на берзата. Професионалните неуспеси и банкротите натерале многу очајни брокери да скокнат од прозорците на зградите. Овој ден е запомнет и како „црниот петок“.

od-kade-poteknuva-sueverieto-za-petok-13-ti-04.jpg

Стравот од овој ден е присутен и денес, па многу луѓе избегнуваат да донесуваат важни одлуки или да завршуваат важни обврски на петок 13-ти. Наводно, бројот на продадени недвижнини значително се намалува на петок 13-ти, а според едно истражување, помеѓу 2005-та и 2012-та година, на петок 13-ти имало 43% помалку трансакции за разлика од кој било друг петок.

Благодарение на суеверието, многу парови избегнуваат да се венчаат на петок 13-ти. Поради ова, една американска агенција за венчавање нуди 13% попуст на оние кои ќе се осмелат да се венчаат на овој ден.

od-kade-poteknuva-sueverieto-za-petok-13-ti-05.jpg

Па, изгледа дека најдоброто нешто што можете да го направите денес е да седите дома и да ги избегнете сите потенцијални несреќи. А, се разбира, можете и целосно да го игнорирате суеверието.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Хотел „Европа“ во Отешево и уште 8 морничави напуштени места во светот Хотелот „Европа“ во Отешево некогаш бил преполн со гости, со детски џагор, со мн...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
15 фото-докази дека сè уште постои добрина во светот Во време кога почнуваме да ја губиме вербата во луѓето, се дистанцираме и станув...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg