Работи што почнувате да ги криете штом наполните 30 години

Криете дека сте раскинале со партнерот

Можеби сте биле заедно цела деценија, но сега сте сфатиле дека тој не е за вас. Проблемот е што другите нема да го сфатат тоа и ќе коментираат дека сте изгубиле 5, 10 години од вашиот живот. Вие, се разбира, не сакате да го слушате ова па некој период ќе криете дека всушност сте сингл.

raboti-shto-pochnuvate-da-gi-kriete-shtom-napolnite-30-godini-05.jpg

Ги избегнувате семејните собири

Сега ви е навистина лесно да се преправате дека сте премногу зафатени за семејните собири. Најверојатно ги избегнувате овие настани бидејќи се чувствувате како црна овца.

Бидејќи веќе имате 30 години, од вас се очекуваат многу работи за кои вие не ни сакате да размислувате, а знаете дека тоа е тема на разговор на овие собири. Па, најдобро е да си останете дома бидејќи сте „зафатени“.

raboti-shto-pochnuvate-da-gi-kriete-shtom-napolnite-30-godini-06.jpg

Криете дека сте останале без работа

Сите очекуваат дека кога еднаш ќе се вработите, засекогаш да останете вработени, и тоа на истото место. Но поради некоја причина можеби ви дале отказ, или пак самите сте одлучиле да заминете.

Без разлика каква е вашата приказна, знаете дека статусот „невработена“ ќе ве направи мета на критики, па си го чувате за себе.

raboti-shto-pochnuvate-da-gi-kriete-shtom-napolnite-30-godini-07.jpg

Чувствувате криза на идентитетот

Сигурно познавате безброј жени што си го „средиле“ животот, завршиле факултет, се омажиле и родиле дете пред да наполнат 30. Но, вие не сте го направиле тоа и сега почнувате да размислувате за вашите животни одлуки. Но важно е да знаете дека тоа што вашиот животен пат е поразличен од оној на другите, не значи дека нешто не е во ред со вас.

Едноставно, вие имате други потреби и желби и треба да ги следите нив. Па, време е да престанете да се тешите и ослободете се од сите лажни убедувања. Нема потреба да се криете и да се лажете себеси и светот околу вас.

raboti-shto-pochnuvate-da-gi-kriete-shtom-napolnite-30-godini-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg