Подгответе Сахер торта

podgotvete-saher-torta-povekeСахер тортата е старинска, но можеби најпознатата торта во светот, која е заштитен знак на австриската престолнина Виена. Сахер тортата ќе ви...

 

...понуди вистинско уживање во хармонијата и едноставноста на вкусот.

podgotvete-saher-torta

За тесто:

  • 140 грама путер
  • 160 грама шеќер
  • 180 грама чоколадо
  • 8 жолчки
  • 8 белки
  • 120 грама брашно
  • 1 ванилин шеќер

За фил:

  • 100 грама мармалад од кајсии
  • 125 грама путер
  • 250 грама чоколадо за готвење

Подготовка:

  1. Пенесто изматете путер, додадете смекнато чоколадо, шеќер и ванилин шеќер, па се добро изматете. Потоа, изматете брашно и додавајте една по една жолчка. На крајот изматете цврст снег од белките.
  2. Калапот за торта намачкајте го со путер и побрашнете го, па во него ставете ја смесата и печете во загреана рерна на 150 до 160°C отприлика еден час.
  3. Печеното тесто извадете го од рерната, тргнете го обрачот и дозволете да се излади.
  4. Мармаладот од кајсии загрејте го со 1 лажица вода. Тестото пресечете го и премачкајте го со топлиот мармалад, а потоа истото направете го со целата торта.
  5. Кога ќе се олади, прелијте го со глазура од чоколадо.
  6. Глазурата спремете ја на следниов начин: Путерот загрејте го на тивок оган, додека од него не испари водата, односно додека не престанат на површината да прават меурчиња. Спремниот путер тргнете го од огинот и оставете го да стои 2 до 3 минути.
  7. Во друг сад, искршете го чоколадото и постепено додавајте го стопениот путер мешајќи се додека не добиете хомогена смеса.

Смисливте веќе кого ќе израдувате празниците?

Би можело да ве интересира:

6 работи со кои несвесно си наштетуваме (а ги правиме сите) Дали имате навика да го ставате телефонот во предниот џеб од панталоните? Ако ст...
Модерни бон-тон правила кои треба да ги почитуваме во секојдневието Не праќајте гласовни пораки, а кога каните гости на ручек, прашајте ги дали имаа...
Вежби за мозокот со кои ќе го намалите ризикот од деменција Играњето шах бара стратешко планирање и задржување на вниманието, при што ќе ви ...
5 јадења кои потекнуваат пред нашата ера – ги подготвувале и древните народи Знаевте ли дека популарниот чизкејк го правеле и древните Грци? Кои други јадења...
Најзначајните и најубавите скулптури од минатото кои треба да ги знаете од општа култура Покрај мистичната сфинга во Гиза и статуата на Венера, односно Афродита, во Лувр...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg