Порано мислеле дека ја предвидува иднината - дали морничавата табла за зборување со духови навистина функционира?

Знаевте ли дека окултната табла за зборување со духови (ouija) прво се продавала како алатка за предвидување на иднината? Па, како станала медиум за разговор со духови и дали воопшто функционира?

porano-mislele-deka-ja-predviduva-idninata-sega-se-koristi-za-zboruvanje-so-duhovi-fakti-za-mornichavata-okultna-tabla-01.jpg

Повеќето луѓе имаат претстава за тоа што всушност претставува окултната табла (анг. ouija), најмногу преку хорор-филмовите - наводно, им помага на духовите да комуницираат со луѓето.

Но, оваа табла немала секогаш злобна репутација. Всушност, таа била направена во 19 век, пропратена со спиритуалистичко движење кое се занимавало, меѓу другото, и со задгробниот живот. Во тоа време, окултната табла се појавила како популарна салонска игра.

Дури во 20-от век Католичката црква и хорор-индустријата ја ребрендирале нејзината улога, па таа станала морничава табла за повикување и комуницирање со демони, духови и натприродни битија.

Самото име ouija се користи како универзално име за сите табли од овој вид. Името потекнува од медиумот Хелен Питерс од Балтимор, која заедно со нејзиниот зет ја користела таблата да се поврзе со починатите.

porano-mislele-deka-ja-predviduva-idninata-sega-se-koristi-za-zboruvanje-so-duhovi-fakti-za-mornichavata-okultna-tabla-02.png

Една вечер, во 1890 година, ја прашала таблата како да ја нарекува, а одговорот што го добила бил ouija, односно „среќно“.

Потоа Питерс ја патентирала таблата, но истата ја популаризирал американскиот претприемач, Вилијам Фолд.

Ouija-магична игра. Чудесна, интересна и мистична. Исклучително забавна и идеална за прослави. Одговара на прашања поврзани со минатото, сегашноста и иднината“ - со овие зборови била опишана во каталозите на продавниците во кои се продавала.

Таблата содржи букви, броеви, како и зборовите „да“ и „не“. Некои табли содржат и зборови како што се „благодарам“, „чекај“, „оди си“ и слично

Znaete li kako vidza tabla ja dobila svojata zlobna reputacija 01

Како функционира морничавата табла?

Учесниците немаат свесно влијание врз движење на курсорот. Движењето на курсорот не успева ако го движи само една личност, автосугестија не е доволна и потребна е и сугестија на другите.

Вообичаено објаснување за овој феномен е следно: Пред самото движење, во мозокот се активираат моторни центри, што доведува до несвесно движење на мускулите.

Значи, кога учесниците ќе ја допрат таблата, на сцена влегуваат комплицирани процеси во нивните мозоци кои предизвикуваат курсорот навидум да се движи сам.

Ова најдобро се објаснува со ефектите на Кохнстам и Карпентер.

Znaete li kako vidza tabla ja dobila svojata zlobna reputacija 03

Накратко, ефектот на Карпентер се сведува на тоа дека замислувањето на одредено движење води кон тенденција да се изврши истото.

Ефектот на Кохнстам (германски невролог и психијатар) ја опишува принудната релаксација на мускулатурата по претходна интензивна напнатост.

Окултната табла е, всушност, безопасна игра. Единствената опасност лежи во психолошкиот ефект што, кај помалку стабилни и лековерни лица, може да да предизвика страв.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Работи што можете да ги видите само во Мексико (фото) Леб без кора исечен ан парчиња, автомат за ранци, но и огромен избор на лути сос...
Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
Била ѕвезда во Холивуд, татко ѝ ја убил на 10-годишна возраст: Тажниот и краток живот на актерката Џ... До 10-годишна возраст, Џудит Барси се појавила во 70 реклами, како и неколку поп...
Растење со родители што се мразат и уште 12 тешки животни искуства (може да си поиграат со вашиот ум... Барање работа долго време и премореност од сите тие одбивања. Кое е вашето најте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg