Што значат налепниците-триаголници над седиштата во авионот?
Следниот пат кога ќе се качите во авион, добро разгледајте ја внатрешноста. Најверојатно ќе забележите четири црвени или црни налепници во форма на триаголник над прозорците, од двете страни на авионот.
Можеби овие налепници за вас не значат ништо, но им се многу важни на стјуардесите.
Доколку застанете до прозорецот над кој се наоѓаат налепниците, ќе забележите дека тие се порамнети со работ на авионското крило. Едната налепница е за предниот, а другата за задниот раб.
Кога пилотите или стјуардесите треба да погледнат кон крилата на авионот, овие налепници им се како показатели.
Доколку треба да проверат што било, овие налепници им помагаат полесно да стигнат до прозорецот со најдобар поглед кон крилото.
Доколку, пак, сте проблематични додека патувате, налепниците ќе ви се најдат и вам. Крилата се всушност тежиштето на повеќето авиони, а авионот се движи нагоре и надоле како крилата да се негова оска.
Доколку седите на седиштето кај налепницата, ќе се движите најмалку. Ова сигурно ќе ви биде од помош доколку имате проблеми со морска болест.
Понекогаш, доколку авионот не е полн, стјуардесите можат да ги преместат патниците на тие седишта. Причината е тоа што колку повеќе тежина има на тежиштето, доколку е подобра рамнотежата на авионот, а трошењето на горивото е поефикасно.
Спирова С. | Црнобело