10 инспиративни приказни за луѓе кои преземале нешто против загадувањето
Во Швајцарија постои фабрика што го собира јаглеродниот диоксид од воздухот
Во близина на Цирих е направена фабрика со посебни филтри чија задача е да го собираат јаглеродниот диоксид од воздухот. Собраниот гас се користи за одгледување зеленчук, правење газирани пијалаци и слично.
Шведска извезува најмногу дрва, но секоја година се садат сè повеќе
Повеќе од половина од територијата на Шведска е шума, а секој пат кога се сечи едно дрво, се садат три нови. И покрај масовното сечење на Шуми во државата, изминативе 100 години бројот на дрва се дуплирал.
Амбалажи што се јадат
Една од најголемите закани за морскиот живот се пластичните прстени што во некои држави се користат за пакување лименки пиво. Овие прстени често завршуваат на вратот на морските животни и ги задушуваат.
Но, компанијата E6PR почнала да прави прстени од материјал што е 100% биоразградлив, но и што може да биде храна за рибите и другите морски животни.
Во Москва можете да платите со отпад за кино или музеј
Во Москва постои проектот „Уметноста за околината“ што им овозможува на локалните жители да го заменат нивниот отпад со билети за кино, театар, музеј или концерт.
Волонтери собраа речиси 5.000 тони отпад од плажа во Индија
Волонтерите, помеѓу кои биле и славните личности од Боливуд, ја чистеле плажата Версова цели 86 недели. Набрзо после чистењето, во областа биле забележани 80 морски желки – нешто што се немало случено повеќе од две децении.
Спирова С. | Црнобело