10 инспиративни приказни за луѓе кои преземале нешто против загадувањето

Секој ден сме сведоци на последиците од климатските промени – шумите во Бразил се во пламен, мразот на Антарктикот се топи, океаните се полни со пластика… Сепак, постојат некои луѓе кои не можат да гледаат како ја уништуваме планетата па прават сè што е во нивна моќ за да ја спасат. Без разлика колку се мали нивните дела, тие дефинитивно прават некаква разлика.

10-inspirativni-prikazni-za-lugje-koi-prezemale-neshto-protiv-zagaduvanjeto-na-okolinata-01.jpg

Прочитајте неколку вакви приказни што докажуваат дека сè уште има надеж за нашата планета:

Камионите на McDonald’s работат на искористено масло од рестораните

Уште од 2007-ма година, McDonald’s произведува биогориво користејќи го маслото од нивните кујни. Маслото се чисти и се испраќа во посебни фабрики за прочистување, а потоа се користи како гориво за дури 42% од возилата на ресторанот.

10-inspirativni-prikazni-za-lugje-koi-prezemale-neshto-protiv-zagaduvanjeto-na-okolinata-02.jpg

Во Токио почнаа да се градат острови од отпад

Знаевте ли дека упатството за селектирање отпад што го следат во Токио е долго дури 24 страници? Поголемиот дел од отпадот во Јапонија се гори и се чисти пред да биде исфрлен. Остатоците од изгорениот отпад се користат за правење цемент и асфалт.

Отпадот што не гори се селектира и се собира во многу густи слоеви, со кои се прават острови во средината на заливот во Токио. Веќе постои еден ваков остров, Одаиба, кој е во употреба, а до 2020-та година треба да се отвори и парк на него.

10-inspirativni-prikazni-za-lugje-koi-prezemale-neshto-protiv-zagaduvanjeto-na-okolinata-03.jpg

Некои цевки за вода во Портланд имаат турбини за создавање електрична енергија

Компанијата LucidEnergy добила одлична идеја за добивање чиста електрична енергија. Тие поставиле сферни турбини во цевките за вода, па кога низ нив минува вода, турбините се вртат и произведуваат електрична енергија.

10-inspirativni-prikazni-za-lugje-koi-prezemale-neshto-protiv-zagaduvanjeto-na-okolinata-04.jpg

Во 80% од тоалетите во Хонгконг се употребува морска вода

Во Хонгконг има недостаток од свежа вода. За да се реши овој проблем, тамошните власти направиле посебна канализација што користи само морска вода.

10-inspirativni-prikazni-za-lugje-koi-prezemale-neshto-protiv-zagaduvanjeto-na-okolinata-05.jpg

Во Индонезија можете да платите за автобус со отпад

Жителите на Сурабаја, Индонезија, можат да платат за нивниот автобуски билет со отпад. Во неколку автобуси има посебни корпи за рециклирање, а ова го олеснува процесот на селекција на отпадот.

10-inspirativni-prikazni-za-lugje-koi-prezemale-neshto-protiv-zagaduvanjeto-na-okolinata-06.jpg

Прочитајте ги останатите приказни на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
15 фото-докази дека сè уште постои добрина во светот Во време кога почнуваме да ја губиме вербата во луѓето, се дистанцираме и станув...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg