10 инспиративни приказни за луѓе кои преземале нешто против загадувањето
Секој ден сме сведоци на последиците од климатските промени – шумите во Бразил се во пламен, мразот на Антарктикот се топи, океаните се полни со пластика… Сепак, постојат некои луѓе кои не можат да гледаат како ја уништуваме планетата па прават сè што е во нивна моќ за да ја спасат. Без разлика колку се мали нивните дела, тие дефинитивно прават некаква разлика.
Прочитајте неколку вакви приказни што докажуваат дека сè уште има надеж за нашата планета:
Камионите на McDonald’s работат на искористено масло од рестораните
Уште од 2007-ма година, McDonald’s произведува биогориво користејќи го маслото од нивните кујни. Маслото се чисти и се испраќа во посебни фабрики за прочистување, а потоа се користи како гориво за дури 42% од возилата на ресторанот.
Во Токио почнаа да се градат острови од отпад
Знаевте ли дека упатството за селектирање отпад што го следат во Токио е долго дури 24 страници? Поголемиот дел од отпадот во Јапонија се гори и се чисти пред да биде исфрлен. Остатоците од изгорениот отпад се користат за правење цемент и асфалт.
Отпадот што не гори се селектира и се собира во многу густи слоеви, со кои се прават острови во средината на заливот во Токио. Веќе постои еден ваков остров, Одаиба, кој е во употреба, а до 2020-та година треба да се отвори и парк на него.
Некои цевки за вода во Портланд имаат турбини за создавање електрична енергија
Компанијата LucidEnergy добила одлична идеја за добивање чиста електрична енергија. Тие поставиле сферни турбини во цевките за вода, па кога низ нив минува вода, турбините се вртат и произведуваат електрична енергија.
Во 80% од тоалетите во Хонгконг се употребува морска вода
Во Хонгконг има недостаток од свежа вода. За да се реши овој проблем, тамошните власти направиле посебна канализација што користи само морска вода.
Во Индонезија можете да платите за автобус со отпад
Жителите на Сурабаја, Индонезија, можат да платат за нивниот автобуски билет со отпад. Во неколку автобуси има посебни корпи за рециклирање, а ова го олеснува процесот на селекција на отпадот.