Енхедуана - принцеза, свештеничка и прв познат светски автор
Античката сумерска поетеса, Енхедуана, е единствената личност во целата историја - таа е првиот литературен автор што го знаеме по име.
Иако постојат многу песни и приказни напишани пред неа, Енхедуана била првата личност што се потпишала на своите дела. Нејзиниот текст „Испарување на Инана“ бил толку значаен, што влијаел на пишувањето на химните со векови (античка книжевна форма на почит кон некој бог или значајна личност).
Енхедуана живеела во средината на 23 век п.н.е. Таа била сумерска висока свештеничка, а во записите на сумерските глинени таблички е опишана како „ќерка на Саргон од Акадија“. Овој однос се толкувал буквално и ритуално.
Нејзиното име е составено од зборовите „Ен“ (првосвештеничка), „хеду“ (украс) и „ана“ (небо). Познато е и дека себеси се нарекувала олицетворение на божицата Нингал, односно земната сопруга на богот на месечината - Нана.
Покрај тоа што е најстариот литературен автор во историјата, Енхедуана е позната и по голем број на химни, особено оние напишани во чест на божицата Инана (Иштар), кои се и најстарите напишани описи на божеството.
Иако живеела пред повеќе од 4300 години, историското постоење на Енхедуана е добро утврдено. Не само што постојат историски записи кои зборуваат за неа, туку постои и голем диск со нејзина слика, ископан во градот Ур.
Енхедуана, исто така, напишала многу песни кои не биле посветени на божицата Инана, туку биле одраз на нејзините лични надежи и стравови, како и размислувања за светот.
Таа ја вршела функцијата на првосвештеничка повеќе од 40 години. Од историските записи, се чини дека Енхедуана била првата жена која имала таква истакната позиција во градот Ур.
Ашера | Црнобело