Македонија и уште 8 држави во кои нема McDonald’s
Црна Гора
Во 2003-та година во Црна Гора имало „подвижен“ McDonald’s, сместен во многу мал простор. Иако на многумина им се допаѓала храната, властите одлучиле дека McDonald’s нема да се проширува и во оваа држава.
Северна Кореја
Можеби ова не ве изненадува. Северна Кореја не прифаќа никаков американски бизнис, а овде спаѓа и McDonald’s. Сепак, некои од елитата шверцувале продукти од рестораните во Јужна Кореја.
Зимбабве
Во 2000-та година требало да се отвори McDonald’s и во Зимбабве, но државата се соочила со масивен економски колапс. Засега не постои план да се повтори обидот.
Боливија
Последниот McDonald’s во Боливија бил затворен во 2002-ра година, завршувајќи во напната врска помеѓу гигантот и власта и жителите на државата.
Наводно, локалните жители не сакале огромна корпорација од каде што ќе купуваат бургери. Сегашниот претседател на Боливија изјавил дека McDonald’s не се заинтересирани за луѓето и нивото здравје, туку само за профит.
Исланд
Како Зимбабве, и Исланд се соочила со економски колапс. За разлика од Зимбабве, овде веќе имало McDonald’s пред колапсот во 2009-та година. Сепак, според некои гласини, власта не била среќна што во државата имало McDonald’s бидејќи сепак, тамошните жители многу се грижат за своето здравје.
Спирова С. | Црнобело