Македонија и уште 8 држави во кои нема McDonald’s
МcDonald’s е еден од најголемите ланци на ресторани и можете да го најдете ширум целиот свет. Сепак, не секоја држава сака свој McDonald’s. Во некои држави никогаш не ни имало McDonald’s ресторан, а во некои ги затворале од најразни причини.
Погледнете ги 9-те држави во кои нема да најдете McDonald’s:
Бермуда
На овој карипски остров имало McDonald’s сè до 1995-та година. Државата има закон што забранува отворање на странски ресторани за брза храна.
Законот важи од 1970-тите, но од McDonald’s успеале да најдат некоја дупка така што го направиле ресторанот на поморска воздушна станица на САД. Кога затворила станицата, бил затворен и ресторанот.
Иран
Изминативе неколку години односите помеѓу Иран и САД се напнати. А американските франшизи, како рестораните McDonald’s, се колатерална штета. Во Иран нема McDonald’s ресторан од 1979-та година.
Македонија
И кај нас имаше McDonald’s ресторани, и тоа 7, од кои повеќето беа во Скопје. Во 2013-та година беа затворени сите.
Јемен
Од една страна, од McDonald’s веруваат дека поради сегашната економија на Јемен, не би требало да отвораат ресторан таму. Од друга страна, екстремистите од Јемен се закануваа дека ќе преземат воени мерки против секој обид да се направи McDonald’s ресторан.