Уникатен пар живее јадејќи само овошје
Велат дека некогаш биле подуени, анксиозни и со темни подочници, а сега се релаксирани и се чувствуваат подобро од кога било.
Реза Кхорасани (28) од Лондон и Даниела Сира (22) од Шведска за првпат стапиле во контакт на Инстаграм пред 2 години споделувајќи ја страста кон начинот на исхрана базиран на овошје, а брзо потоа процветала и љубовта меѓу нив.
Двајцата страдале од проблеми со здравјето поврзани со исхраната и стресот и сега исхраната им се сочинува само од овошје. Пред тоа се чувствувале подуено и анксиозно, а сега се чувствуваат лесно и убаво и велат дека кожата им е прекрасна.
Повеќе немаат проблеми со вишокот на килограми, акни, подочници, дехидратација, умор, дигестивни проблеми и нарушувања во исхраната, со кои Даниела се борела долго.
Парот често патува во Азија и вели дека таму има најдобар избор на овошје, додека кога се дома во Англија и Шведска консумираат многу банани.
Инспирација за овој потег им бил секогаш енергичниот Мајкл Џексон кој практикувал повремено ваков строг режим на исхрана. Сега се велнес советници.
Тие велат дека расположението им е многу подобро од порано, а телото многу поопуштено.
Се разбира, ова дефинитивно не е препорачливо затоа што телото не ги добива сите потребни хранливи состојки за нормално функционирање.
Запознајте го овој уникатен пар:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





