Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како полесно да го „поднесете“ враќањето на работа по летниот одмор?

Враќањето во градското сивило после неколку дена на море може да биде вистински предизвик. Плажата, коктелите и забавата или бесконечниот мир ќе бидат заменети со работа и еден куп обврски. 

kako-polesno-da-go-podnesete-vrakjanjeto-na-rabota-po-letniot-odmor-01.jpg

Веројатно уште на самиот одмор почнувате да размислувате за сите обврски што ве чекаат, но постојат неколку трикови што ќе ви го направат враќањето дома многу полесно.

Одвојте време за себе

Само затоа што годишниот одмор завршил, не значи дека не треба да одвоите време за себе до наредното лето.

Барем неколку часа неделно дозволете си да уживате во некоја книга, филм, масажа или што било што ве релаксира.

Обидете си да направите простор за активности што ви причинуваат задоволство, бидејќи одморот ви е потребен секоја недела, а не само една недела.

kako-polesno-da-go-podnesete-vrakjanjeto-od-odmor-02.jpg

Средете го гардероберот и променете го ентериерот

Исчистете го просторот каде што живеете и ослободете се од целата облека и сите предмети што не ви се потребни. Нa овој начин ќе го намалите стресот што ќе го чувствувате уште првиот ден откако ќе се вратите.

Исто така можете да направите и мали промени во ентериерот. Нема потреба да купувате нова покуќнина – доволно е да ја преместите онаа што ја имате и да додадете некои нови интересни детали.

kako-polesno-da-go-podnesete-vrakjanjeto-od-odmor-03.jpg

Опуштете се

Најважното е да научите да се релаксирате. Најдобро ќе биде ако можете после одморот да земете уште еден слободен ден од работа за полесно да се адаптирате на промената. Ова нека биде ден за вас.

Дозволете си да се релаксирате и вистински да се подготвите за утрешниот работен ден.

kako-polesno-da-go-podnesete-vrakjanjeto-od-odmor-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 вистински фотки кои делуваат како да излегле од виртуелна реалност Некои работи се пред нас, а сепак мора да ги протриеме очите за да се осигуриме ...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Страшни сцени од работните места на луѓе за кои не сме свесни (а тие ги доживуваат) Ако вас понекогаш ве плашат многуте обврски и крајни рокови на работното место, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg