Најкратки бракови во Холивуд

najkratkite-brakovi-vo-holivud-2-povekjeВо продолжение на статијата за најкратки безуспешни бракови во Холивуд ви претставуваме уште седум неуспешни љубовни приказни. Во овој...

 

...дел двојките успеале да издржат барем некој месец заедно.

На што мислеле кога се венчале, не знаеме, но како инаку ќе привлечат медиумско внимание на себе?

najkratkite-brakovi-vo-holivud-2

8. Рене Зелвегер и Кени Чесни: четири месеци. Познатата актерка и кантри пејачот никому не му делуваа како пар кој би останал заедно, но сепак се венчаа. И набргу се разведоа со збунувачко објаснување дека причината на разводот е лошата комуникација за целта на бракот која постоела од самиот почеток.

9. Бредли Купер и Џенифер Еспозито: четири месеци. Купер ја побара за жена оваа актерка уште пред да се прослави со филмот „А-тим“, ја побара за жена во октомври 2006, а се венчаа во декември истата година. Нивното заедничко тврдење е дека разводот е постигнат согласно и дека и пред да се разведат живееле одвоено.

10. Џенифер Лопез Крис Џуд: четири месеци. Познатата музичка и филмска ѕвезда се омажи за кореографот во септември 2001 и се разведе во јануари слдната година, а кратко време пред разводот тврдеше дека неговата љубов е она што најмногу и е потребно. Се тврди дека Џуд добил 15 милиони долари по разводот, а Лопез го прифати вереничкиот прстен од Бен Афлек вреден 6 милиони евра уште пред да се разведе. Знаеме како заврши приказната помеѓу Лопез и Афлек.

11. Колин Фарел и Амелија Ворнер: четири месеци. Фарел е познат како плејбој, па сите ги изненади што се ожени со деветнаесетгодишната актерка, шест години помлада од него. На едниот прст дури го истетовира нејзиниот прекар, Мили, што не помогна бракот да се одржи.

12. Софија Буш и Чад Мареј: пет месеци. Како и повеќето ѕвезди се запознаа на снимање и се венчаа. Набргу се разведоа, а Софија тврдеше дека се чувствува повредено, понижено и дека срцето и е скршено.

13. Дру Баримор и Том Грин: пет месеци. Овој брак од старт беше малер: набргу по венчавката на Грин му е дијагностициран карцином на тестиси, а на Дру и изгоре куќата.

14. Шенон Доерти и Ешли Хамилтон: пет месеци. По две недели додворување, ѕвездата на некогаш популарната серија „Беверли Хилс“  во свилен баде мантил и боса се омажи за синот на глумецот Џорџ Хамилтон. Бракот заврши многу бргу, кога Хамилтон ја обвини актерката дека му се заканувала со пиштол.

Би можело да ве интересира:

Си легнуваш гладен и уште 9 работи што ги разбираат само оние кои живееле во сиромаштија „Сиромаштијата значи постојано планирање за следниот оброк, за следната сметка, ...
Факти за најозлогласениот убиец од Србија: Имал тешко детство првото злосторство го извршил на само ... Миодраг Столе Трифуновиќ е познат како „српскиот Џек Мевосек“ поради неговите гр...
Која е жената која е инспирација за Роуз од „Титаник“? Беатрис била заљубена во индиски научник но уште на почетокот на врската знаела ...
Фото-докази дека Турција е земја полна со изненадувања Во Турција се пие ајран со секој оброк, а на пазар наместо семки, можете да купи...
Браво! Култното дело „Бакнежот“ на Густав Климт доби и македонска верзија Ти благодариме што ни ја претставуваш земјата! Ким Синае од Кореја на одличен на...
Најзначајните и најубавите скулптури од минатото кои треба да ги знаете од општа култура Покрај мистичната сфинга во Гиза и статуата на Венера, односно Афродита, во Лувр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg