20 животни совети од 104-годишен Русин: Отспијте барем половина час во текот на денот

Советите од Русинот кој доживеал 104 години ќе ве натераат да ги преиспитате вашите животни навики.

20-zivotni-soveti-od-104-godisen-rusin-stojte-bosi-na-zemja-ne-veruvajte-vo-pretskazuvanja-01.png

Според него, важно е да примените 20 животни правила:

1. Научете да уживате во „живите“ работи околу вас – земјата, небото, тревата, животните, птиците... Гледајте ги љубезно, со полно срце и тие ќе ви возвратат. Тоа е знаење и доживување кое нема да го најдете во ниту една книга.

2. Одвојте време за да стоите боси на земја.

20-zivotni-soveti-od-104-godisen-rusin-stojte-bosi-na-zemja-ne-veruvajte-vo-pretskazuvanja-02.jpg

3. Зграбете ја секоја прилика да бидете во близина на вода. Тоа ќе ве исчисти од заморот и ќе ви ги прочисти мислите.

4. Пијте чиста вода секогаш кога имате шанса, не чекајте да бидете жедни. Тоа е најдобар лек.

20-zivotni-soveti-od-104-godisen-rusin-stojte-bosi-na-zemja-ne-veruvajte-vo-pretskazuvanja-03.jpg

5. Зеленчукот и овошјето треба да се најде на вашето мени секој ден. На прво место е цвеклото. Потоа се гравот, тиквата, шумското овошје, морковот, доматот, пиперките, спанаќот, марулата, јаболката, грозјето и сливите.

6. Ако можете, не јадете месо. Или јадете ретко.

7. Преработената и конзервирана храна е лоша.

8. За да јадете помалку, пијте многу вода и јадете компот, проста храна која лесно се разградува и свеж зеленчук. Од четврток навечер до петок навечер, јас лично не јадам ништо. Само пијам вода.

9. Постот е најголема милост за телото.

10. Сонцето изгрева и заоѓа за вас. Работата нека престане кога сонцето ќе зајде. Кога ќе се навикнете на ова, телото ќе ви стане поздраво, а мозокот ќе ви биде поодморен и бистар.

20-zivotni-soveti-od-104-godisen-rusin-stojte-bosi-na-zemja-ne-veruvajte-vo-pretskazuvanja-04.png

11. Треба да отспиете барем половина час во текот на денот.

12. Помалку седете.

13. Обидете се да престојувате на отворено, на свеж воздух и под умерена сончева светлина.

14. Зајакнете го телото со билки. Пијте чаеви.

15. Не заборавајте да консумирате јаткасти плодови, тие се моќна храна за нашиот мозок.

20-zivotni-soveti-od-104-godisen-rusin-stojte-bosi-na-zemja-ne-veruvajte-vo-pretskazuvanja-05.jpg

16. Бидете љубезни и внимателни со луѓето. Од секого, макар и површно, може да научите по нешто.

17. Она што ви е судено – ќе биде ваше. Само треба трпеливо да чекате. Не ја оптоварувајте душата со тоа.

18. Не верувајте на предрасудите и претскажувањата.

19. Кога се чувствувате лошо, шетајте. Тагата ќе ве натера да откриете нови хоризонти.

20. Повеќе движете се. Мрзеливите луѓе се несреќни луѓе.

20-zivotni-soveti-od-104-godisen-rusin-stojte-bosi-na-zemja-ne-veruvajte-vo-pretskazuvanja-06.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg