Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што можете да правите кога надвор е премногу топло?

Студот конечно си замина, но сега го заменија екстремните горештини. Летото би било совршена сезона доколку не беше толку топло. Веројатно и вам ви се случува одвреме-навреме да мечтаете за пролет, или барем за малку пониски температури.

shto-da-pravite-koga-nadvor-e-prenongu-toplo-01.jpg

Но ако надвор е премногу топло, не значи дека треба да го изгубите целиот ден.

Секогаш постои некоја забавна активност за која високите температури не треба да претставуваат проблем.

1. Одете на кино. Кино салите се секогаш студени. Можеби ќе платите малку повеќе за да изгледате филм, но барем нема да ви биде жешко.

2 Грицкајте мраз. Кога времето е премногу топло, обичната вода нема да ви помогне многу.

3. Одете на пливање. Ова е веќе јасно. Кога ви е премногу топло, упатете се кон најблискиот базен, езеро, море...

shto-da-pravite-koga-nadvor-e-prenongu-toplo-02.jpg

4. Организирајте борба со балони со вода. Ќе се разладите и ќе се забавувате.

5. Дремнете пред вентилаторот. Понекогаш сè што ви е потребно е дремка и да почувствувате струење на воздухот.

6. Направете си или само јадете сладолед. Секогаш можете да си купите, но задоволството ќе биде поголемо доколу го направите самите.

shto-da-pravite-koga-nadvor-e-prenongu-toplo-03.jpg

7. Одморете под дебела сенка. Направете си чаша лимонада, најдете ја најдебелата сенка во вашиот двор и само релаксирајте се.

8. Одете на шопинг. Соберете ги пријателите и упатете се до најблискиот трговски. Ќе се разладите, а можеби и ќе си купите нешто ново.

9. Посетете ја омилената книжарница. Ова е одличен начин да „изгубите“ малку време.

shto-da-pravite-koga-nadvor-e-prenongu-toplo-04.jpg

10. Научете нов јазик. Доколку не сакате да го напуштите домот, пребарајте некој бесплатен онлајн курс за јазици и научете нешто ново.

11. Истуширајте се со ладна вода. На овој начин сигурно ќе се разладите.

shto-da-pravite-koga-nadvor-e-prenongu-toplo-05.jpg

12. Читајте книга. За ова не ви треба ниту да се помрднете од место.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...
Најубавите новогодишни честитки што може да ги испратите за 2025 година Да наздравиме за пријателствата што ја прават секоја година поубава. Ви посакува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg