Им пречи кога таа мириса на...
Не се ретки текстовите какви мириси сакаат мажите да осетат кај жените, а какви им пречат. Тоа што не може да се прочита е фактот дека се е идивидуално...
...односно тоа што на еден маж му е привлечно на друг може да му е одбивно или да го остави рамнодушен.
Така можете да прочитате дека тие сакаат таа да мириса на овошје или цвеќе (се разбира се мисли на парфемите со овошна или цветна нота), а не поднесуваат кога таа мириса на храна (храната е добра кога е гладен, но не го асоцира на привлечна жена, со исклучок на ванилата која сите мажи ја обожуваат).
Сега за воља на вистината на некои мажи нема да им се допадне таа да мириса на чоколадо. Тогаш ќе почувствуваат желба за чоколадо, а не за привлечна жена.
Има мажи кои го сакаат природниот мирис на жената...
На оваа тема можеме да зборуваме со часови, но останува фактот, додека не го запознаете мажот неможете да знаете кои мириси му се допаѓаат.