Луѓе споделуваат - работи што им ги промениле животите, а не ги платиле (многу) скапо
Програмер кој си купил втор монитор, девојка која вложила во организер за шминки и маж кој купил автоматска хранилка за неговата мачка – неколку луѓе ги споделуваат ситниците што им го промениле животот, а за кои не платиле многу висока сума.
Веруваме дека барем еднаш во животот сте купиле некој предмет, алат или што било, што неочекувано направило драстична разлика во вашето секојдневие.
Можеби дури и не сте платиле цело богатство за тоа нешто.
На Редит, неколку луѓе споделуваат кои се работите кои има го промениле животот, а ги платиле помалку од 100 долари:
„Втор монитор. Програмирањето и учењето ми станаа многу полесни“.
„Си купив филтер за главата на тушот. Сега водата не ми мириса на хлор“.
„Електрична четка за заби. Ја купив за помалку од 50 евра. Нема потреба да давате многу пари за ’фенси‘ модел. Заболекарот постојано ми ги фали забите, а ова не ми се случило пред да си купам електрична четка“.
„Ортопедски влошки за чевли. Без нив, можам да одам најмногу два часа. Со нив, можам да изодам 30.000 чекори“.
„Патики за трчање кои се направени специјално за трчање“.
„Организер за шминки. Веќе не буткам работи додека пробувам да земам некој продукт. Претходно сите продукти ми стоеја на масичка“.
„Квалитетен градник со точен број!“
„Апарат за готвење на топол воздух – ми го промени животот“.
„Автоматска хранилка за мојата мачка. Повеќе не ме буди во 5 наутро бидејќи била гладна“.
„Навлаки за перница од свила. Не ми требаат скапи шампони – поради навлаката, косата ми е совршена скоро секој ден“.
Би додале нешто на листата?
Спирова С. | Црнобело