Филмови кои тој ги мрази
Мажите мразат љубовни, кичасти и здодевни филмови, но сепак, од време на време се подготвени да погледнат романтична комедија или љубовна драма...
...само заради мерак на партнерката. Злобниците би рекле дека ова го прават само за да ја однесат во кревет, а други веруваат дека станува збор за убав романтичен гест.
Меѓу филмовите заради кои мажите побргу би го расипале ДВД-то или запалиле киното отколку да ги гледаат, се следниве:
1. Бессоните во Сиетл (Sleepless in Seattle). Мег Рајан и Том Хенкс, романтика, виолини, ѕвездено небо и една голема љубов на далечина со големо финале на врвот на Empire State Building.
2. Дневникот на Бриџит Џонс – На работ на умот. Првото продолжение некако го поднесуваат, но вториот дел никако! Мажите се надеваат дека третиот дел нема никогаш да го здогледа светлото на денот.
3. Валкано танцување (Dirty Dancing) – уште еден култен филм кој ја воодушевува женската публика. Патрик Свејзи и неговото танцување ги живцира мажите.
4. Сексот и градот – Едвај истрпеа 6 сезони од серијата, па им падна мрак пред очи кога слушнаа дека Сексот и градот стигнува и во кината. И тоа во два дела во траење од 146 минути секој! Мода и женски маки – премногу па дури и за најзаљубените мажи!
5. Титаник. Епска романса со трагичен крај. Трае преку 3 часа, а жените најчесто на крајот се облеани во солзи.
6. Есен во Њујорк (Autumn in New York). Безуспешен обид да се оживеат легендарните љубовни приказни. Ричард Гир се заљубува во смртно болната Винона Рајдер која на крајот го ја губи животната битка.