Бактерии, повреди, чистење - Тајни кои вработените во аквапаркови не ви ги кажуваат
Кога ќе почнат летните горештини, а уште не сте биле на одмор, водените паркови веројатно ги гледате како спас.
Иако се забавни за сите кои сакаат летна, водена авантура, сепак може да бидат ризични.
Ако досега сте слушнале од многумина совет да не одите бидејќи се нехигиенски и недоволно чисти, не ве излажале.
Вработените во аквапарковите низ светот кријат многу тајни, а во продолжение ви откриваме некои најважни работи кои е добро да ги имате на ум...
1. Во базените има многу бактерии, со оглед на тоа што во нив влегуваат огромен број на луѓе во текот на еден ден, а истражувањата покажале дека јавните базени содржат Ешерихија коли.
2. Тобоганите не секогаш се сигурни и може да бидат причина за многу повреди – од исеченици, до посериозни повреди од неквалитет.
3. Вработените во аквапарк навистина не сакаат да знаете што сè наоѓаат во одводите и во околината – од мали мртви животни (глувци, мачки, птици), до валкани пелени, тампони и храна.
4. Единствениот начин за урината вистински да се исчисти од базените е ако водата целосно се замени – што мислите колку често го прават тоа и во што се бањате?
М. М. | Црнобело